1009 hPa
31 %

31 °C
Скопје - Вто, 08.07.2025 09:59
Изложбата насловена „Направи свој бог“ која е дел од проектот „VR Studio 2024: Interactive“, е интерен експеримент за виртуелна интерактивна изложба.
Концептот за виртуелната изложба „Направи свој бог“ се основа на премисата дека создавањето богови е многу слично на она што денес претставува виртуелната логика.
Историскиот религиозен механизам на Божјото создавање секогаш се случувало на пресекот помеѓу политичката пропаганда и уметничката изработка. Резултатите секогаш се слики без историски докази, но производи на имагинација. На еклектичен начин, боговите или божествените суштества се состоеле од различни елементи: животни, луѓе, растенија итн., особено во претхристијанскиот период. Овие креации создадени од човекот, кои имаат надреален карактер, се убедливи и компатибилни со местото на своето потекло, односно со човечкиот ум.
„Направи свој Бог“ е шега за местото на потекло боговите, а на публиката ѝ се дава шанса да го доживее процесот на создавање богови.
ТИМ 3-Д дизајнер на проектот е Борко Хаџиевски, куратор и уметник е Илија Прокопиев, а за интеракциската механика се погрижи Андреј Буровски. Изложбата е направена во соработка со „Galactic Omnivorе“
Изложбата е интерактивна и можете да ја видите и истражите следејќи го упатството на линкот подолу:
Линк за „Направи свој бог“.
„PrivatePrint - VR Studio е колаборативна програма за курирање и дизајнирање виртуелни изложби. Програмата е започната по идеја на архитектот и 3Д-дизајнерот Борко Хаџиевски, еден од основачите на „PrivatePrint Studio“ и наш долгогодишен соработник, кој го изработи виртуелниот модел на нашето студио“, стои во најавата за изложбата.
Проектот „VR Studio 2024: Interactive“ е кофинансиран од Министерството за култура на Северна Македонија.