1015 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Саб, 07.12.2024 08:59
Кон кои општествени идеали се стремиме и како се справуваме со нив?
Привлечна, успешна, страсна, секогаш добро расположена, ентузијастична, решителна - ова се некои од термините што ги користи нараторката на овој краток филм за да се опише себеси. Всушност, токму на овој начин општеството ја замислува идеалната млада жена.
Но, што се крие под површината? Дали самата таа верува во она што го кажува? Сликите постепено ја откриваат другата страна на паричката: анксиозност, притисок, неисполнети очекувања.
Во анимираниот филм насловен „Големата исцрпеност” станува збор за тоа што се случува кога нашите цели и аспирации стануваат извор на стрес и вознемиреност“, открива авторката на филмот Кетрин Лепаж, додавајќи дека „исклучително е важно отворено да се зборува за овие чувства и состојби за да се дестигматизираат“.
Кетрин Лепаж е мултидисциплинарна уметница која е фасцинирана од човечките суштества и сивите зони во нивните животи. Наменети за деца и возрасни, нејзините графички новели и анимирани филмови се објавувани и прикажувани низ светот. Таа живее во Монтреал и е соосновачка на студиото за дизајн Ping Pong Ping.Извор: https://voxfeminae.net