1026 hPa
93 %
-2 °C
Скопје - Сре, 14.01.2026 22:00
Чудно нешто е нејзината глава. Неговата. Необично зрелите
Џумки врз нејзиниот мозок, набабрени кошари
За кабардисан товар, сферни жлезди
На огромна свест. Морничава е таа глава,
Јадар плод на еволуцијата, ко пердув мазна.
Подолу, рилката ѝ е сплескана влечка,
Устата, насмевка долга, со намена јасна,
Незаситен мелнички камен. А зеницата, матно злато
Пречистена толку колку различна да е
Од маслинестото тунел-тело,
Од вткаеното црно-зрно петно. И прстени свиени
Со понејасен изглед, поранешно око
Зад окото, побледо, послепо,
Внатрешно. Грпката биволска
Го почнала чудото на нејзината мена.
Под неа, градната перка – право ѝ дава
На рибји живот – самата се лачи,
Избива од рувото маскирно: под неа
Кожата ѝ е блед доказ за тоа што е јагула
Ко и мевот нејзин, затемнет бисер.
Најчудно од сè, кожата небаре со отпечатоци од палец, гумен
Ткаеж на заштитна руба. Сето тело
Дамаскин ѝ е својствен на себеси. Тоа е таа
Го одложува морето Саргаско
Во својата најдлабока надеж. Животот ѝ е самица
Заклучена за случки, стрпливоста
Светска ѝ е спомогната со љубов
Дарена од ѕвездите ниски, небаре
На сиот свет свештеница е единствена. Сама
Среде милиони ко неа, месечев аџија,
Калуѓерка на водите.
1983 г.
Превод: Зоран Анчевски