1012 hPa
36 %

24 °C
Скопје - Саб, 19.04.2025 14:59
На 21 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во Социјален центар „Дуња“, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Израелизам“, а по проекцијата ќе следува и дискусија.
„Израелизам“ ги разобличува митовите и искривените наративи за Израел што долго време се прифаќаат како апсолутна вистина во американско-еврејските заедници. Преку лични приказни на млади луѓе кои ѝ се спротивтставуваат на доминантната идеологија, филмот открива колкав удел имаат молчењето и соучесништвото во окупацијата на Палестина. Наспроти тоа, филмот покажува и колкава храброст ни е потребна за да ги отфрлиме догмите, да се соочиме со неправдата и да го преиспитаме сопствениот идентитет во овој свет полн со контрадикции.
Сем Ајлерстен и Ерин Акселман се режисери со еврејско потекло, а самиот филм црпи инспирација од нивните животни приказни.
Документарецот ќе биде прикажан на англиски јазик.