1015 hPa
93 %
6 °C
Скопје - Саб, 07.12.2024 09:59
Ние за шалот, шалот на врат, а?
Леееле, еден бокс у око добил и отече со тоа.
Tребаше да пишувам приказна за едно црвче, ама некако ептен се развлече тоа.
Не се возете со мравки, фрешерот им мириса на земја.
Мозокот е составен од неврони и емотикони.
Да дожмурам и ќе те барам.
Те барав зашто си требав.
Ќе му даеш корпа, ќе ти извади муабет.
Ми ја зема драмската пауза од уста!
Ќе ме познаеш по тоа што нема да се појавам.
Да ми кажувал некој пред пет години дека сум способна да повредам човек, ќе сум го утепала.
Не мора да значи дека е така, може да се договориме и дека јас сум во право.
Најубаво трескам врата кога излегувам од себе.
Внимавај што зборуваш во свое отсуство.
Се покрив со очните капаци за никој да не ме види.
Спанаќите се од бЛитванија, а овесите од жИталија.
Тажното е додека го чекаш потажот. После е потажно.
Шпански готвач на печѐња: Рернесто.
Којзнае колку slim-fit сендвичи изедов - сега ако не ослабам, никад.
Не јадам слатки пошо сум кендикепирана.
Tи мислиш јаготка на шлагот, тоа масло на огнот.
Слики: Scot Lefavor