1006 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Саб, 07.02.2026 22:59

Осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје ќе се одржи од 26 - 28 ноември и е посветено на локалното новинарство. Фокусирајќи се на основната градбена клетка на новинарството - локалното известување, на овогодишниот МФС ќе се дискутира за прашања што ги засегаат медиумските работници ширум Македонија.
Покрај дискусиите, фестивалските денови носат и филмски репертоар од впечатливи документарни остварувања кои покриваат различни аспекти од повеќеслојната новинарска задача, како и разни работилници за младите новинари.
Фестивалот во организација на „Пина”, ќе се одржи во „Котур”, а како и секогаш настаните се бесплатни и отворени за сите заинтересирани. Целосната фестивалска програма е објавена на веб страницата на фестивалот, mfs.mk.