Лекомислена глава

22.11.2024 17:10

Кога сè на тоа ќе се сведе
И косата ѝ е исплашена. И зборовите однатре ѝ се исплашени.

Кога сè на тоа ќе се сведе
И косата ѝ е исплашена. И зборовите однатре ѝ се исплашени.

Се кострешат како облека,
Ладна, измамничка, што дел од тебе не е.

И рацете исто, и нозете, и сета крв,
Дури сосема не се испразни сè. Сè заминува

Освен тоа што погледот може да го носи.
А може и тоа ќе го блувнеш, како прекумерна доза отров.

И тогаш
Гладот дрчен во твојот череп

Е тоа што си ти. Стои кај што ти стоиш
И вика, со глас што не можеш да го чуеш

За нешто што не можеш да го сфатиш.

1994 г.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото