„Слушајќи го другиот /другата“ – презентација и дискусија со Ивана Сиџимовска

25.11.2024 13:20
„Слушајќи го другиот /другата“ – презентација и дискусија со Ивана Сиџимовска

„Контрапункт“, во рамки на циклусот настани на КРИК 09, најавува јавна дискусија со Ивана Сиџимовска која ќе ги претстави досегашните резултати на својот уметничко-истражувачки проект насловен како „Слушајќи го Другиот/Другата“, со цел да иницира разговор и заедничка рефлексија со публиката на нејзините теми во фокус.

Настанот ќе се одржи утре, на 26 Ноември, со почеток во 20 часот, во КСП Центар.

Уметничко-истражувачкиот проект опфаќа деколонијално слушање на „Другиот/Другата“, односно различни, субјективни, помалку слушнати перспективи на граѓаните за настаните од 2001 година, гледани низ призмата на етничкото исклучување и дискриминација. Методологијата на истражување се потпира на усната историја. Главната цел е собирањето приказни, спомени и искуства на граѓани од различни генерации и занимања, како и со различна религиозна и етничка позадина. Фокусот е на тоа како граѓаните зборуваат за „Другиот/Другата“, како се обликуваат нивните слики за „Другиот/Другата“, како го доживуваат и чувствуваат времето пред и по настаните од 2001 година, што е заедничко во нивните наративи и каде тие се разминуваат.

Проектот е поддржан од програмата Културата ја движи Европа - Индивидуална мобилност на уметници и културни професионалци, проект финансиран од Европската Унија, во соработка со Контрапункт Скопје, и со поддршка од Форум Цивилен Мировен Сервис (Форум ЗДФ) Скопје.

Делото е произведено со финансиска помош на Европската Унија. Ставовите изразени овде во никој случај не може да се смета дека го одразуваат официјалното мислење на Европската Унија.

ОкоБоли главаВицФото