(Дали добро стареам...)

26.11.2024 09:36

Дали добро стареам
ме собира ли цела на фотографиите?
се поздравувам млако со некои стари познаници
отворам повик кон дивината, носам различни кованици
Цело-лулка целулитна грутка
во задник, на града, напипај награда
за побрза смрт, за побрз живот
Стој! Не диши, нека ти се задржи здивот
Брчка се 'рчка на лице се езди.
наместо небо, гледам само ѕвезди
Површна вршник лупа на кожа што се лупи
Ах, цинична станувам
ништо од вас не може да се купи!
Се мазнее и жнее секоја година слава
критика на сцена бесценета глава
Бадијала аплауз без смисла
смрзнат поглед гледаш стиснат
Дали добро стареам
кое огледало најубаво ќе ме види
различни кованици ванилици вангли шеќер во прав сè е пепел и прав
Ајде жено
Жестока биди
Жестока биди
Жест стоока биди
И види сè што ќе гледаш
Толкувај, колкувај, шири ја вилицата
фрлена на немилост
Премини го тој мост
И загризај со карлицата

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото