Изложба на македонски музички плакати

26.11.2024 10:17
Изложба на македонски музички плакати

На 28 ноември, со почеток во 20 часот, во Музеј на град Скопје, ќе биде отворена ретроспективна изложба на плакати која ја раскажува историјата на музичкиот живот на Скопје.

На повеќе од деведесет плакати ќе бидат претставени концерти, фестивали, музички групи и артисти, кои во последните триесет години ја креираа урбаната музичка сцена на нашиот град.

Оваа изложба претставува уникатна можност да погледнеме во музичката урбана душа на Скопје и да се потсетиме на спомените кои музиката ги носи за градот, за луѓето и за времињата кои ја обликуваа нашата култура.

ОкоБоли главаВицФото