ПичПрич: „Располови ме“ - фотографии

27.11.24 12:37

ПичПрич, гала вечерта на раскажување женски приказни на 22 ноември се одржа во преполната сала во Драмски театар. Темата на годинашново издание на ПичПрич беше „Располови ме“.

„Инспирацијата за „Располови ме“ (анг. Unsex me) потекнува од познатиот монолог на Леди Магбет во кој ги моли злите духови да ја располоват (машкосаат во препевот на проф. Михајловски), т.е. да ѝ ги одземат особините кои традиционално се поврзуваат со нејзиниот пол (нежност, милост, грижа) за непречено да го оствари злосторството што го посакува и да ја засити својата жед за врвна моќ.

Сепак, како и секогаш, растргнатоста меѓу посакуваното и очекуваното е само почетната нишка и начин на толкување на „Располови ме“. Насловот може да се гледа и како индикација за поделеноста на жената меѓу професионалните и личните цели и (не)можноста тие паралелно да се остварат.

Покрај тоа, на овогодинешниот ПичПрич идејата беше да се разгледа и позицијата на жените во театарската и филмската уметност – особено по неколкуте скандали поврзани со третманот на актерките кои го потресоа регионот. Токму поради тоа беше избран Драмскиот театар како место на одржување на овој ПичПрич, а гостинки беа дел од најкомпетентните и прогресивни театарски дејки во земјката и регионот: Јасмина Василева, Жаклина Стевковска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Верица Недеска и Јована Томиќ.

ПичПрич го водеа добро познатите ПичПричовки Ана Василева и Румена Бужаровска. Во продолжение погледнете ги фотографиите од настанот на Небојша Гелевски.

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Спорт
Општество / Активизам / Фотографија / Квир
Општество / Активизам / Фотографија / Квир / Око
Општество / Активизам / Фотографија / Квир / Око
Активизам / Фотографија / Квир / Око

ОкоБоли главаВицФото