Не знам дали ми дојде памет или снемав сила

27.11.2024 12:49
Не знам дали ми дојде памет или снемав сила

 

Државната службеничка што беше ноќна мора за граѓаните ја депортираа од Бирократово во Монструмица.

 

Жонглирањево меѓу институционални шалтери... кафкадерство.

 

За да не баболебари, ја вработивме како свекретарка.

 

Ако доволно долго набљудуваш како народот ја бира власта, ќе забележиш како власта го бира народот.

 

Мртва трка меѓу глобалното затоплување и глобалното затапување.

Ако при сиов интернет се осеќаш осамено, тури му people.

 

Колку e mall светот.

 

Социјална мрежа е кај што ликови кои не знаат што зборат знаат што зборат други ликови кои не знаат што зборат.

 

Ич не ми га збори, отк’т се e запослиja у Апл апла се е изгубија. К’т е бија у Гугл почесто гугледав.

 

Не ми скролувај јадови!

Не знам дали ми дојде памет или снемав сила.

 

Да си бев афект, да си поживеев во моментот.

 

Пукнав од мака пошо толку ми е силата.

 

Кое е твоето омилено тревожно средство?

 

Се насмеав во афект.

Си ги бришам солзите со пот.

 

Чивија си, на кого раздор ти му носиш?

 

Гравитацијата ме сака таква каква што сум.

 

Умирам во себе за да не ти треба алиби.

 

Зад секое успешно 'те сакам' стои 'кој те врти'.



Слики:
Andreas Leikauf

ОкоБоли главаВицФото