„М“ на Вардан Тозија прогласен за најдобар филм на фестивал во Шведска

27.11.2024 14:45
„М“ на Вардан Тозија прогласен за најдобар филм на фестивал во Шведска

Сцена од македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија

„М“ на Вардан Тозија, во продукција на „Фокус покус“, ја освои наградата за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм „Light Till Dark“ во Оребро, Шведска.

„Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Ова е филм со силни актерски изведби и сензитивна режија, кој нѐ остава со надеж, но и со скршено срце“, рекоа од интернационалното жири.

„Light Till Dark“ е фестивал чија селекција обединува нови и класични филмови од областа на фантастиката, научната фантастика и хоророт.

Следните проекции на „М“ се на почетокот на декември, кога ќе ги има холандската и финската премиера во рамките на официјалните селекции на фестивалот „Eastern Neighbors” во Хаг и Интернационалниот скандинавски филмски Фестивал во Хелсинки.