1015 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Саб, 07.12.2024 08:59
На 30 ноември (сабота), од 12 до 14 часот, во кафе-книжарница „Буква“ ќе се одржи интерактивна работилница со Александра Спасеска насловена „Паметно модерни, одржливи нишки“. Во рамки на работилницата, присутните ќе имаат можност да учествуваат во размена на облека.
Се интересирате за одржлива мода? Оваа работилница е совршена можност за млади и за сите кои сакаат да откријат повеќе за етичките, еколошките и социјалните аспекти на модната индустрија.
На оваа интерактивна работилница можете да научите практични совети како да бидете дел од промената и да ја поддржите одржливата мода. Вашата гардероба може да биде модерна и еколошка!
Како функционира?
1. Донесете парчиња облека што не ги користите, но се во одлична состојба.
2. Разменете ги за други парчиња што ќе внесат свежина во вашиот стил.
3. Придонесете за намалување на отпадот и поддржете одржлива мода!
Зошто размена на облека?
1. Наместо да купувате ново, создавате циркуларна економија.
2. Помагате да се намали модниот отпад.
3. Имате шанса да ја споделите вашата приказна преку облеката.
„ Освежете ја гардеробата на одржлив начин! Заедно можеме да направиме разлика – со стил и свесност! Резервирајте место и донесете ги вашите омилени парчиња за размена!“, стои во најавата за настанот.