1015 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Саб, 07.12.2024 08:59
Истамбул
Дејвид Хокни во една прилика вели дека „луѓето имаат тенденција да заборават дека играта е сериозна“, но за уметниците и дизајнерите кои стојат зад некои од најинтересните паркови и игралишта во светот, рекреацијата никогаш не била тривијална работа.
Чонгкинг, Кина
Еми Вотс патува низ светот за во својата нова книга да претстави повеќе од осумдесет спектакуларни простори создадени за да се поттикне една од примарните активности.
Градски музеј, Сент Луис
Објавена од „Хокстон Мини Прес”, книгата насловена „Уметноста на играта” претставува огромна колеција која содржи низа интерактивни, извонредни и концептуални простори и за деца и за возрасни.
Кутна Хора, Чешка
Во колекцијата е вклучен и навидум опасниот дизајн на Мајк Хјусон во Мелбурн, кој се состои од масивни камења прикачени на лизгалки, шипки и друга опрема на мали тркала погодни за скејтборд (иако делуваат опасно, тие се солидно прицврстени).
Валенсија
Други земаат инспирација од природата, вклучувајќи ја и колоритната архитектура во вид на меурчиња на игралиштето во Истанбул и фантастичните ликови во паркот за сите возрасти во Чонгкинг, Кина. Опремен со типична опрема како што се кутии со песок и тунели, овој простор има и маси и области за вежбање специјално наменети за постари возрасни лица.
Шангај
Мјанјанг, Кина
Доха, Катар
Мелбурн
Далиан, Кина
Шенжен
Извор: https://www.thisiscolossal.com