(Понекогаш се туркаш во метежот мисли...)

29.11.2024 10:00

Понекогаш се туркаш во метежот мисли
Роеви пчели ти го згуснале умот со мед, а тебе пелин ти се цеди од срцето.
Не знаеш од каде доаѓа - дали е грев и вина од тој пред тебе, дали е само по себе, дали е просто од времето
Или е од племето,
Дали е прашалник без точка
Фекалии и мочка
Фејк парада на ноќните птици
лажните солзи и вистинските крици
Се криеш во текстови, бесрамни философски и непроверени текови, вперуваш пиштолче на вода во разбеснетиот оган, а за него нема стивнување.
Се лажеш. Се лажеш дека си океј. Дека одговараш на овој свет, на ова време, дека си Дон Кихот
А ветерниците одамна ти ја отсекле главата.
Ти, во зуењето на сопствените бесмислености, го гасиш телевизорот и веќе немаш име, ниту некогаш си имал.
Понекогаш умираш зошто така ти доаѓа
и утредента сам си купуваш пар чорапи.
За душа. Не само својата.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото