1015 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Саб, 07.12.2024 08:59
Уметницата Микела Јанџ од Кејп Таун изработува магични таписерии од филц. Оние што некогаш се занимавале со овој медиум или барем се обиделе, знаат дека работата со овој материјал знае да биде прилично комплицирана. Се распаѓа со само неколку допири, често не може залепи како што треба и понекогаш предизвикува горчлива сензација која ве следи во текот на работата и влијае на крајниот резултат.
Но, во вештите раце на Михаела, филцот станува медиум кој опфаќа нови илустративни можности, и покрај тоа што често одземаат многу време.
Според Микела, во последните две години, нејзината техника со текот на времето станува сè попрефинета. „Деталите се помали и делата изгледаат малку пофокусирани“, вели таа. „Мислам дека просторите што ги создавам се пореални или барем такви со кои можеш полесно да се поврзеш“.
Иако во претходните дела на Микела има допир на „фантазија“, во последно време уметницата повеќе работи на усовршување на секојдневни сцени со човечки емоции во центарот на вниманието.
Преку делата од првата самостојна изложба на Микела насловена „Ништо лошо“, на гледачот му се претставени бројни референци од традиционални детски песни.
Печива, свеќи, месарски куки и многу други елементи се наоѓаат во насловите на делата, но како остар контраст на овие детски референци, темата на композициите на Микела е сè освен детска. Насилството и смртта се вообичаени теми во нејзините детални дела од филц, па можат да се видат и разни грабливи животни кои честопати го раскинуваат својот плен на крвави парчиња.
Таа ги започнува своите слоевити дела од идеја или лик, а потоа го гради остатокот од сцената околу неа/него. Атмосферата во таписериите на Јанџ е прилично густа и динамична, се случуваат многу нешта на секоја слика, особено во едно од омилените дела на уметницата.
Во делото, „Човек седи во тоалетот и чита весници додека мијалникот до него се прелева“, сликата го има оној добро познат домашен амбиент, но исполнет со некаква непријатност, со чувство дека нешто штотуку се случило“.
Жолта патка во бањата (која може да биде вистинска или гумена) седи тивко на водата, а во аголот стои едно рачно скршено огледало. И, она што ја зголемува мистериозноста, се оној пар нозе со високи потпетици кои лежат свиткани на подот.
Грижејќи се зад себе да остави мали мистерии во форма на деликатно изработени илустрации, Mикела Јанџ со своите интригантни дела ткае комплексни приказни со фино изработени композиции. Покрај тоа, таа почнува да вградува елементи на вез и пронајдени предмети во нејзините таписерии од филц, а тоа, несомнено, ќе донесе некои интересни резултати во делата кои допрва ќе се создаваат.
Извор: https://www.itsnicethat.com