Разговор со Ана Голејшка Џикова

03.12.2024 11:07
Разговор со Ана Голејшка Џикова

Утре (4 декември, среда) со почеток од 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” во Скопје ќе се одржи разговор со писателката Ана Голејшка Џикова, авторка на стихозбирката „Слобода А“ - книга за месец декември во библиотеката.

Разговорот со Ана Голејшка Џикова е дел од големата кампања на Градската библиотека „Браќа Миладиновци” „Читаме современи македонски автори”, во чии рамки нејзината стихозбирка „Слобода А“ е книга за месец декември во библиотеката.

„Слобода А“ е „истовремено исполнета со љубов и страв од неизвесност, погодена од реални проблеми и притисоци под кои сите сме натиснати: живот во пандемија, под влијание на пропаганди и општа хистерија, притисоци што повторно ја будат бунтовничката во Ана, онаа што единствено може да живее од и за слободата“ пишува во поговорот Снежана Стојчевска.

Разговорот со Голеjшка ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Срафимовски.

ОкоБоли главаВицФото