1020 hPa
87 %
![облачно, магловито, слаб дожд облачно, магловито, слаб дожд](/sites/all/modules/weather/images/night-overcast-fog-light-rain.png)
3 °C
Скопје - Вто, 21.01.2025 19:59
Тема за 2024: Зајакнување на водството на лицата со попреченост за инклузивна и одржлива иднина
Водството на луѓето со попреченост е отелотворено во слоганот на светското движење за правата на луѓето со попречености „Ништо за нас без нас“. Тоа упатува на основните барања за учество, претставеност и инклузија и бара лицата со попреченост активно да ги обликуваат условите во коишто живеат.
Еден од приоритети на глобалната агенда за попреченостите е да се унапреди делувањето и водството на лицата со попреченост. Во изминативе децении, лицата со попречености и организациите на лицата со попречености веќе се залагаа за промени во нивните заедници. Тие ги предводеа повеќето од иницијативите преземени од заедниците не само за унапредување на нивните сопствени права и добросостојба, туку исто така и за промовирање на инклузивен развој. На пример, овозможувајќи универзален пристап до основните услуги за сите; тоа го правеа со примена на таргетирани приоди за мејнстрим инклузија на попречености преку, меѓу другото, консултации, прибирање податоци и анализа, и поддршка со залагање и со напори за отчетност.
Обележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 2024 (IDPD 2024) се случува врз позадината на клучни светски настани, од Самитот за иднината до претстојниот Втор светски самит за општествен развој. Овие клучни светски средби ќе се надополнуваат една со друга во обезбедувањето постојана мапа за постигнување на одржлви мир и развој со инклузија на попреченостите. Со нагласување на оваа комплементарност, темата избрана за обележување во 2024 година има за цел да ја подвлече важнoста на поттикнувањето на водството на лицата со попречености за да се обезбеди одржлив мир и развој за сите со инклузија на попреченостите.
Стратегијата за инклузија на попреченостите на Обединетите Нации
Кога беше претставена Стратегијата за инклузија на попреченостите на Обединетите Нации во јуни 2019 година, генералниот секретар изјави дека Обединетите Нации треба да предводат со пример и да го кренат стандардите и перформансите во врска со инклузијата на попреченостите на самата Организација – преку сите основни столбови на нивната работа, од централното седиште па сè до теренската работа.
Стратегијата за инклузија на попреченостите на Обединетите Нации обезбедува темели за одржлив и трансформативен напредок во инклузијата на попреченостите преку сите столбови на работата на Обединетите Нации. Преку Стратегијата, системот на Обединетите Нации реафирмира дека целосната и комплетна реализација на човековите права на сите лица со попреченост е неотуѓив, интегрален и неделив на сите човекови права и основни слободи.
Во 2024 година, генералниот секретар го поднесе својот петти извештај за инклузијата на попреченостите во системот на ОН. Се одразува врз напредокот направен за да се унапреди инклузијата на попреченостите, ги истакнува новите и постојаните предизвици и можности што се појавуваат при имплементацијата на Стратегијата и нагласува клучните области врз коишто се фокусира и се потребни за да се продолжи со мобилизирањето на системот кон инклузивен, пристапен и одржлив свет за сите.
Комеморативен настан: 3 декември 2024
Комеморативниот настан што ќе се одржи во седиштето на ОН во Њујорк за да се обележи овогодишниот Меѓународен ден на лицата со попреченост ќе се состои од сегмент на отворањето со лично присуство и со виртуелен панел.
Од 10 часот до 11 часот (со лично присуство): Сегмент на отворање
Овој сегмент ќе понуди преглед на политиките на светската агенда за попречености во текот на минатата година, како и поглед нанапред кон клучнитепресвртници во политиките што претстојат. Прегледот ќе ги вклучува развојот на настаните и постигањата по Конференцијата на земјите учеснички во CRPD (17 сесија), 79-та сесија на Генералното собрание и на Самитот за иднината, а исто така ќе расправа за претстојниот Втор светски самит за општествен развој (2025) и тековните напори за да се реализира Агендата 2030 за одржлив развој за, со и од страна на листа со попречености.
Од 11:30 до 13:30 (онлајн): Панел дискусија
Панел дискусијата по отворањето, ќа биде организирана во виртуелен формат и ќе вклучува експерти, застапници и водачи на светското движење за правата на лицата со попреченост и ќе ги истакне трендовите што се појавуваат и можностите за засилување на гласовите, делувањето и активноста на лицата со попречености во клучните области поврзани со одржливиот мир и развој со инклузија на попреченостите.
Знаевте ли?
• Се проценува дека 1,3 милијарда луѓе доживеале значителна попреченост. Ова претставува 16% од светското население, или 1 од секои 6 од нас.
• Некои лица со попреченост умираат и до 20 години порано од оние без попреченост.
• Лицата со попреченост се во двојно поголема опасност да развијат состојби како депресија, астма, дијабетес, удари, обезност, или лошо орално здравје. Здравствените неправди се резултат на нефер условите со кои се соочуваат лицата со попреченост, вклучувајќи ги стигматизирањето, дискриминирањето, сиромаштијата, исклученоста од образованието и вработувањето, и пречките со кои се соочуваат во самиот здравствен систем.
Слики: Sophie de Oliveira Barata - The Alternative Limb Project
Извор: https://prkos.mk/