Пристигнатите ракописи на конкурсот „Новите!“ за 2024

03.12.2024 13:50
Пристигнатите ракописи на конкурсот „Новите!“ за 2024

Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ распишан од издавачката куќа „Темплум“ пристигнаа тринаесет прозни ракописи.

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

• „Ментална мапа“ - Марио Стојаноски

• „Во живот“ - Васко Талевски

• „Градот што не го засакав на прва“ - Ениз Хилми

• „Кој го уби белиот паун“ - Никита Никитин

• „Мирисот на костените“ - Анета Владевска

• „Сета боја зад црнината“ - Васја Мицковски

• „Варијации на просторно - временската закривеност“ - Димитар Арнаудов

• „Ајнштајн, кучето со човечки поглед“ - Никола Чоневски

• „Ева“ - Венци Трајков

• „Блудниот син“ - Максим Никифоровски

• „Тајниот печат“ - Бети Каракулевска

• „Невидливата жена“ - Сребра Раштанова

• „Флоема“ - Емилија Матаничкова

Наскоро, жирито во состав Елена Митреска, Наташа Атанасова и Стефан Алијевиќ ќе ги објави насловите на ракописите кои ќе влезат во потесен избор за наградата.

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите!“ изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“ на издавачката куќа „Темплум“. Победникот на конкурсот ќе биде прогласен на малиот новогодишен Темплум саем кој ќе се одржува од 25-ти до 29-ти декември во КСП Центар Јадро .

Спонзор на наградата е Комерцијална банка А.Д Скопје.

Досегашните победници на конкурсот „Новите!“ можете да ги погледнете овде.