„Патриоти“! Вашите среќни денови се минато!

09.03.2011 14:54
„Патриоти“! Вашите среќни денови се минато!

Науката излезе со неверојатно откритие кое досега единствено беше сфатено од интуицијата на малкумина свесни и депримирани субјекти. Сега имаме потврда. Патриотизмот ве прави среќни! Оние кои се горди на својата земја или се горди на политичките позициите на своите лидери живеат подобро. Патриотизмот, во нашиот случај и национализмот, се феномени кои особено добро се вгнездуваат во сиромашни земји. Граѓаните на тие земји живеат подобро благодарение на чувството на припадност и партиципација, нешто што ги прави посилни и поподготвени да се соочат со тешкотиите. Без разлика какво е политичкото уредување на земјата, без разлика колкава е довербата која граѓаните ја полагаат во институциите, да се биде горд на својата земја е полезно за мозокот и е клуч за среќата на широките народни маси.

До вакви заклучоци дошле американските научници кои спровеле истражување во 128 земји, при што биле анкетирани околу 130 илјади индивидуи. Тие сфатиле дека врската помеѓу патриотизмот и среќата е особено истакната во сиромашните земји и оние од Истокот или онаму каде тешкиот живот води во потрага по заеднички идентитет, како замена за личната несреќа. Кој живее во мизерија и е лично несреќен, тој бега од реалноста и бара утеха во патриотизмот; доколку тоа го прават повеќето, ете ја среќата. Додека во развиените и во богатите земји индивидуализмот креира дистанци и благосостојбата се бара во работата, во личниот успех или во здравјето, во земјите како нашата тоа се решава со гордоста да се биде припадник на една заедница.

Од тој аспект, во последните пет години можеме да ја прогласиме Македонија за најсреќната земја на планетата. Сиромашни сме, знаеме како ретко кој народ да ја игнорираме реалноста, имаме истакнат национализам и патриотизам, се обединивме околу нашиот антички идентитет и, нормално, имаме сосема доволно поделби, за кохезијата на мнозинството да се одржува. Среќно, пресреќно се живееше во оваа мала земја.

Работите одеа во тој правец до денот кога дознавме дека внимателно конструираниот патриотизам и национализам биле всушност само една голема, огромна лага. Пастирот на народот, најверојатно, мислејќи дека шилото на вистината е подобро да излезе сега, отколку за време на избори, призна дека прифатил промена на името. Така, со еден потег пропаднаа и патриотизмот и среќата. Тоа што исплива е лагата.

Заклучокот е прост. Ако патриотизам значи среќа, а тој патриотизам бил лажен, испаѓа дека самата среќа била лажна среќа. Лажен патриотизам, лажна среќа, лажен идентитет, лажна заедница, лажго од премиер. Оние кои бесрамно се преставуваа во јавноста како Радио Лондон во борба против тиранијата, оние кои извикуваа дека ќе издржиме по секоја цена, оние кои го принудија народот да јаде корени, се токму оние кои го прелажаа и предадоа сопствениот народ. Каков пад, од најсреќни до најнесреќни. Сега ни останува единствено да се соочиме со сета реалност која се криеше или се игнорираше поради преродбеничкиот патриотизам. И да се потсетиме дека предолго време живеевме според патриотските логики на Груевски и фамилијата. Дека кога патриотизмот ќе стане монопол на една партија, на едноумието, на нивниот монизам, тогаш самата таа партија е првата која ќе го разочара и изневери таквиот вештачки и лажен патриотизам.

Сега е времето да бидеме навистина несреќни! Не поради отсуството на лажна среќа, туку поради присуство на вистинската несреќа. А да се биде несреќен во оваа земја значи да се биде реален. Немам нерви да ја опишувам реалноста. Таа е пред очите на секој што сака да ја погледне и да се соочи со неа. Имам само два совети како Македонецот да го надмине својот провинциски менталитет и тие совети не се ништо повеќе од психолошки механизми кои треба да се разберат и да се надминат: Да не глумиме постојано жртви и да не се изедначуваме со просечниот, со полошиот од нас или со оној којшто наликува на повеќето. Нека не ни биде одбивен оној кој е подобар од нас и нека не мислиме дека среќата треба да ја бараме во споделувањето на еднаква мизерија и сиромаштија. Второ, наместо само да чувствуваме несреќа од големите очекувања кои никогаш не се реализираат, за потоа да бегаме од реалноста, треба да бидеме мудри и да го бараме она што е достижно, да го следиме оној кој не нуди спектакли, туку нуди реалност, стабилност и одржливост, нешто што навистина е остварливо, споредливо и мерливо. Сето тоа се постигнува почнувајќи од неприфаќање на лагата. Од одбивање самите да се лажеме себе си и да дозволуваме некој друг да нè лаже.

Лагата сама по себе е неприфатлива и непростлива. Ако тоа го надополниме со фактот дека лагата имала и своја политичка функција, е тука работата станува трагична. Видете, во Германија ни покажаа дека еден министер или политичар не може неказнето да помине со лажење, па дури ни кога станува збор за наводно приватна работа. Тоа не го дозволи ниту јавноста, ниту медиумите, па на крај ни самата политика. Е тоа е демократија, премиере! Како што проблемот во Германија не е фактот што министерот Гутенберг направил плагијат, туку тоа што излажал, така и кај нас не е проблемот што Груевски прифатил промена на името, туку проблемот е што ја лажел македонската јавност цели три години. Тоа што е далеку пострашно и поскандалозно во лажењето на Груевски е што тој лаже не само за свои лични гледишта и одлуки, туку и за позициите на една партија, во својство на премиер, нешто што се одразува на институциите, на народот и на целата држава. Воедно, Груевски ја користи лагата за лични цели, за самопромоција, за оцрнување на политичките противници и неистомисленици, за поделби на патриоти и предавници, притоа правејќи ненадоместлива штета врз домашната и надворешната политика на земјата. Груевски со своето лажење, од приватен аспект излегува како крајно неморална личност која веќе нема никакво право да зборува ни за приватна, ни за јавна етика. Второ, Груевски со своето лажење, од јавен аспект, се потврдува како човек без каков било политички капацитет и политичка култура.

Недостатокот од реакција или шок во нашето општество од ваквото однесување кажува многу за нашата неспособност и недоблесност да се преиспитаме самите себеси и следствено да имаме право да ја преиспитаме работата на другиот. Како, по петте години преродба, единствено на што се навикнавме е демократијата да ја разбираме како нешто монистичко? Тоа е забележливо и во приватната и во јавната сфера на нашето општество. Како доминацијата над сè во нашата земја да зависи од едно нешто, од еден човек. Како единствениот суверен да е само мнозинството, а единствен закон, оној на премиерот. Како едно да е јавното мислење иако тоа е врзано само за еден дел (мнозинството) од колективитетот.

Како вели премиерот: Не можам да разберам! И јас не можам да разберам како по 20 години демократија, во момент кога низ светот се рушат диктатури и пропаѓа монизмот, кај нас тие тенденции фаќаат сè подлабоки корени и постојано триумфираат. Да не се лажеме повеќе, се претворивме во народ кој не знае да изброи до два. Знам дека и во демократскиот поход на која било опција или во повикот на разум може да има доза на монизам, но кај нас тоа не е случај. Јас сум убеден дека кога актуелниот режим ќе падне, дека Македонија ќе се врати она што беше во деведесетитте. Лоша институционална демократија, но општество кое е автентично демократско и слободно. Тоа ќе биде еден чуден флешбек кој ќе го доживееме во првите моменти по падот на Груевски. Нормално дека институциите и функционалната демократија ќе бидат огромни предизвици со кои ќе мораме и крајно ќе се соочиме, но пред тоа, убеден сум, дека повторно ќе доживееме примордијална слобода и ново демократско чувство кај граѓаните и во самото општество. Тоа што ќе и’ се случи на Македонија на следните избори нема да биде некаков вид на монолитно здружување на страстите, желбите и очекувањата на овој народ. Напротив, ќе бидеме сведоци на цел спектар од различни аспирации и диференцирани желби, по што повторно ќе градиме демократија која е способна да ги фаворизира сите различности. Целта не треба да биде нечија доминација која ќе ги потиснува расправата и несогласувањето, туку доминација на расправата и согласувањето кое ќе се роди преку пеглање на недоразбирањата.

Мораме повторно да го откриеме различното, да го изолираме и да го казниме тоа што е непоправливо, но не да мислиме дека здравата различност треба да се потчини или да се порази. Така, повторно ќе се откриеме и самите себе и ќе откриеме што секој од нас може да направи за да ја промени актуелната катастрофа. Тогаш, наместо плоштад на лажни идентитети, наместо симбол на едноумието и самоволието, ќе имаме демократски јавен простор, каде идеите ќе можат да се вкрстуваат и спротивставуваат. Во античка Грција таквиот простор се викал агора, место каде луѓето се собирале и заеднички одлучувале. Затоа во отсуство на државна и демократска агора, во отсуство на официјална рес публика, овој народ ќе ги користи сите средства, сите места, секој простор и секое време, да манифестира и да се побунува против режимот на власт. Веќе има неколку такви простори, една телевизија, неколку весници, дружбите на цивилниот сектор, илјадници млади кои преку Интернет комуницираат. Првиот чин на една демократија е излегувањето од мракот, излегувањето од тишината, излегувањето од дома.

Фотографии: Иван Илиев

Јас сум убеден дека кога

Јас сум убеден дека кога актуелниот режим ќе падне, дека Македонија ќе се врати она што беше во деведесетитте. Лоша институционална демократија, но општество кое е автентично демократско и слободно...

Македонија во 90тите била автечнтично демократска и слободна!? Со 2 телевизии и три весници? Со целосна контрола на една структура врз сите пори на општеството? Добро бре Иворе за кого е текстов за 5 годишни деца?

Никола Груевски на лидерскиот

Никола Груевски на лидерскиот состанок загрижено и доверливо му рекол на Бранко Црвенковски: „Народов врие од бес кон тебе. Ако полудат од бесот, можат и да те убијат!“

„Можно е“, одговорил Бранко Црвенковски. „Но, кога пак ќе се вразумат, ќе те убијат тебе.“

Никогаш не било вака добро ко

Никогаш не било вака добро ко сега! Трип ко на ролеркостер! Лудилото на мали Грујо станува толку возбудливо што почињаат книги да се пишуваат за Златниот-Црниот, што дома, што надвор:) Момакот е стварно егземплар, такво нешто мајка два пати не раѓа:) И конгресов на ВМРО беше спектакуларен, во досегашниот стил: од 609 делегати 608 гласале за пастирот, а 609-иот на гласачкиот лист нацртал срце! Еј! Ме трогна до петици! И пичкиве од изборната комисија ладно не му го броеле гласот на пастирот... А тамам тргна накај 113%, по советот на Амди Кока Кола... Незаборавно време! Само објектите од СК 014 можат да го фатат лудилово на времево во целиот габарит и целиот кич! Бранко гомна да јаде! Конечно дое шлеперот и го прегази Бранкота!

Абе ваков чврст муж ко црни

Абе ваков чврст муж ко црни Грујо, тешко се наоѓа и у Авганистан! Го слушнавте кај Јадибурек, кога невино искрено потврдуваше дека баш коа ептен го молат за нешто, е баш тогаш чврстиот фраер не дава! Каков психопат, добога! Социопат&садист! И Јадибурек барабар со него се радуе, ужива, а, ама е добро, клечи народ пред тебе, а ти го мочаш и го дигаш на клоци, а, брат, како е узбудљиво, а, какви пички бе какви бакрачи - моќ! Тоа е сила, тоа е вожња! Бранко гомна да јаде! Дое шлеперот (на психопатот) конечно да гази!

Е точно патриотизмот ни се

Е точно патриотизмот ни се случува затоа што не успеавме да најдеме замена за едно друго чувство на припадност, т.е. она кон социјализмот и особено кон Југославија. И југоносталгијата си има свои митови како и национализмот и ние оние југословенските митови не заменивме со нешто пореално, напротив ги заменивме со нешто уште понебулозно. Затоа и ни се случи Груевски.

Потполно се сложувам со

Потполно се сложувам со коментаров! Бајките и митовите од југословенскиот социјализам многу вешто ги искористи Грујо за да наметне нови бајки и митови, зашто очигледно тоа е начинот на владеење (но и живот за дел од луѓето). Не е битно какви се и за што се, битно се бајки и митови. Не за џабе Грујо во многу работи потсетува на КПМ, СКЈ, сака да биде како Тито, (Латас и Вечер го фалат ко Тито на времето што го фалеле). Згора на се поддршката што ја освои преку митови во голем дел му доаѓа од луѓе кои и денес жалат за Југославија. Оние стечајци, жртви на транзиции, пензионери што собираат потписи против Велија, се токму од таа работничка класа во Нонча Камишова, Димче Бањарот, Браќа Кошулчеви на кои најубаво време им било во Југа. Затоа кога се рушат митови (како Жарко Трајаноски што се обидува) се рушат темелно, за воопшто да не постојат тие заблуди. И тие за Александар и тие за Тито. Зашто ако се научиме и продолжиме да живееме со митови, после Грујо пак ќе ни се случи некој да продава бајки и басми и да живееме во заблуди.

Тури и пепел на земјата каде

Тури и пепел на земјата каде таквите ко вас се декларираат за авангарда...

ОкоБоли главаВицФото