(Денов сетне, презир...)

04.12.2024 09:44

Денов сетне, презир
но и достоинство, ко везир
гравот го сварив за 51 минута
во вторник,
фото финиш со малку сланина мангулица
дробам леб и зборови
во казанот на светот
ме мрзи да бидам возрасна
и пак го кршам ледот
прва, а втора и последна
неоти знам дали некој ме следи
„како Господ никој не е
ниту доволно вреди“
рече женичката на пазар
замотана во шал и круши
презир имам, знај
и магарешки уши
само сум човек
уморен од замолкнување
во следниот живот сакам
да сум добродушна кобила
до следното клоцнување.
Све у три лепе!
Лепе три у све: оца и сина и свјатога духа
Амин.

 

ОкоБоли главаВицФото