1020 hPa
81 %
4 °C
Скопје - Вто, 21.01.2025 17:59
„Никој не е нормален”(Nobody is Normal) е стоп-анимација создадена од Кетрин Проус за добротворната детска организација „Childline” која овозможува бесплатна и доверлива услуга за емоционална поддршка за младите луѓе во Обединетото Кралство.
Поставено на песната „Creep” на „Radiohead”, со текстови уредени за целната публика на добротворната организација од 13 до 18 години, видеото е потсетник дека не постои нешто што може да се нарече „нормално” и дека „колку и да се чувствувате чудно, не сте сами”.
Филмот има мека, пријателска и суптилно надреална естетика и направен е на начин на кој може да допре до оние млади луѓе на кои тоа им е потребно.
„Идејата зад анимацијата беше да се пренесе адолесцентското чувство на отуѓеност, изолација и непријатност да се биде во своја кожа. Филмот прикажува едно суштество кое се подготвува за училиште облекувајќи ја својата човечка кожа и кое се бори да ја задржи својата вистинска форма скриена во текот на денот под неговото крзнено тело кое се заканува да избега во несоодветни моменти”, раскажува Кетрин Проус.
Зад сцената
Проуз вели дека стилот на филмот потсетува на винтиџ шок хорор филмовите „за да го засили чувството на нелагодност. Има многу кадри во холандски стил, направени со навалена камера и ограничена палета на бои во стриповски стил”.
Зад сцената
Лукас Пеон, главен креативен директор во „The Gate”, вели дека кампањата „Никој не е нормален” „им се обраќа на децата на начин што им е природен. За да се прошетаме низ вообичаените ѕидови со кои се соочуваат овие типови пораки, ни требаше емотивна приказна која доволно ќе ги заинтригира луѓето да обрнат внимание и доволно ќе ги допре за да ги натера да размислуваат и да ја променат својата перспектива”.
Зад сцената
Извор: https://thekidshouldseethis.com