Отворен повик за работилница „Од бајките до сегашноста“

05.12.2024 13:36
Отворен повик за работилница „Од бајките до сегашноста“

Работилницата е дел од проектот „Roots and Revelations - Enchanted Journeys Through Macedonian Storytelling“ на авторката Марија Шормаз, кој беше избран на конкурсот Culture Moves Europe - Individual Mobility for Artists, Creative Europe. Проектот се занимава со поврзаноста помеѓу македонскиот фолклор и современите човечки искуства, со акцент на односот со природата.

Работилницата користи методологии од сликарството, книжевноста, психотерапијата и аналитичката психологија, овозможувајќи им на уметниците преку симболи на природата да го истражат односот помеѓу човекот и природата. Учесниците ќе анализираат како тие односи биле обликувани преку митови и народни приказни и како се манифестираат денес.

Инструктор: Тијана Вуковић, дипломирала компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Белград, доктор на хуманистички науки на Универзитетот во Варшава и интегративен терапевт (арт интегративен и наративен пристап).

Термини на работилницата:

12 декември 2024, 18ч-20ч

Во случај на поголем број заинтересирани, дополнителен термин:

16 декември 2024 во КСП Центар- Јадро (на денот на изложбата) 13-15ч

Пријави: Контактирајте ја Марија Шормаз до недела, 10 декември 2024 на: marijasormaz@yahoo.com

Изложба на делата изработени за време на работилницата ќе се одржи во понеделник, 16 декември, во 20 часот во КСП Центар- Јадро.

ОкоБоли главаВицФото