1008 hPa
32 %

27 °C
Скопје - Пон, 07.07.2025 21:59
На 7 декември (сабота), со почеток во 21 часот, во бар „Ла Кања“, ќе се одржи концерт на Јоана Ристеска и изложба на Лина Дамјан.
Јоана Ристеска е соло-артистка и инструменталистка од Скопје која настапува под своето име, „Јоана“. Изведува и компонира музика за акустична и електрична гитара и со неколку клучни гитраски педали, ја истражува можноста за проширување на гитарскиот звук кон слоевита оркестарска димензија, потопена во реверб. Се нурнува во екскурзии од долги лупови и бесконечни, хипнотични пасажи кои се преплетуваат. Нејзиниот уметнички сензибилитет опфаќа различни жанрови, од класична-современа и синематична музика до експериментален рок и амбиент.
Лина Дамјан е дипломирана уметница со специјализација во конзервација, реставрација и педагогија. Родена е на 24 февруари 1997 година во Скопје, Македонија. Учествувала на повеќе меѓународни ликовни колонии и изложби во Македонија, Бугарија, Италија и други земји. Има реализирано самостојни изложби, како „Пиктографија“ во Домот на култура „Илинден“ и „Небото е сино“ во Младинскиот културен центар во Скопје. Наградена е за своите уметнички дела, вклучувајќи ја првата награда за сликарство од Агенцијата за млади и спорт во 2018 и 2020 година.
Настанот е во организација на:
ДРЕНКА - Асоцијација за локален и рурален одржлив развој со поддршка на Град Скопје.