„Заборавена автентичност“ - изложба на Бранкица Јордановска

06.12.2024 10:27
„Заборавена автентичност“ - изложба на Бранкица Јордановска

Во понеделник, 9 декември, со почеток во 20 часот, во Мобилната галерија на Центарот за современа уметност (Парк на Франкофонија), ќе биде отворена изложба на уметницата Бранкица Јордановска насловена „Заборавена автентичност“.

Проектот „Заборавена автентичност“ е креиран со цел преку уметничка форма, во случајов ликовна уметност, да се даде осврт на потенцијалот на руралните средини во Македонија. Да се потенцира автентичноста и специфичната културна историја која селските средини ја имаат и да се истакне можноста за нивна културна промоција, а со тоа и заживување на истите. Развојот кој е неминовен доколку државата ја истакне посебноста на овие запоставени регионални единици, треба да започне од примарно запознавање на македонската публика со историјата која ја нудат селските региони и автентичноста на нивниот културолошки, архитектонски, литературен и музички прогрес низ времето.

Инспирација при реализација на целиот процес е македонската архитектура низ вековите, но и автентичен народен израз пренесен преку песни и творби од овие рурални средини. Паралелно со процесот на креирање на ликовните дела, се одвиваше и процес на селекција на автентични песни од конкретниот регион и истите ќе бидат презентирани на отворањето на изложбата, адаптирани и отсвирени од етномузикологот Филис Синаноска.

Потенцијалот кој македонската култура го поседува во своите заборавени средини е несомнен, тој едноставно треба да биде прикажан пред луѓето, кои за жал се помалку обрнуваат внимание на средините во кои израснале и креирале нивните предци.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото