1029 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 01:59
Сите вие кои паѓате во несвест на популистичка пропаганда дека леле мајко ќе сме купеле нов владин авион (кој патем е најстар и најникаков во цела можна Европа), сте истите кои уста не отворате за вистински непродуктивните трошења и не разбирате дека не е проблем секоја нормална држава да има авион што не е како голф тројка (го цитирам владиниот пилот), туку проблем се милион и пол државни коли на милион и пол непотребни институции, со уште толку директори, секретарки и шофери, па небројната и неспособна администрација, па тендерите на фирмите фаворити на секоја власт што пустите снег не можат да исчистат, па милионските злоупотреби ,и да не редам и да не редам… вклучително и злоупотребите на авионот за да си леткаат до кај ќе им се посака, вклучително и со приватно друштво. (...)
Значи да сумирам: дали ни треба саглам владин авион? Да.
Дали е нормално да не присуствуваш на многу важен настан, оти ти се расипал државниот авион, и тоа да ти е оправдување? Не.
Катарина Синадиновска, Фејсбук, 08.12.24.