1014 hPa
67 %

15 °C
Скопје - Саб, 15.03.2025 08:59
Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во соработка со Коалиција „Маргини, „Хера” и „Еквалис”, објавува за првпат отворен повик за наградата „Квир Македониум”, Награда за творештво во областа на квир уметноста.
Во рамки на овој повик за наградата, на квир уметноста не и’ пристапуваме исклучиво врз основа на сексуалноста или родовиот идентитет на уметникот. Нашиот пристап на читање и интерпретација на уметничката продукција означена како квир вклучува поширок пристап. Нѐ инстересираат дела и културно-уметнички практики кои:
Што нуди наградата?
Бруто износ од 1000 американски долари во денарска противредност.
Презентација на делото на фестивалот Скопје Прајд Викенд 2025 – Фестивалот за квир култура, уметност и теорија.
* Продукциските трошоци за делото се покриени во рамки на доделените 1000 долари, а уметникот не треба да поднесува извештај за начинот на трошење на средствата.
Заинтересираните уметници можат да аплицираат со:
Предлог концепт за ново дело, или со
Продолжение и екстензија на постоечко дело
Портфолио од својата досегашна пракса
*Описот на предлог проектот треба да биде не подолг од две страни (или 500-800 зборови), плус визуелен материјал (слика, цртеж, скица итн.), доколу предлог проектот го вклучува истиот.
Како ќе се избираат финалистите?
Тричлена комисија од експерти во областа на културата и уметноста ќе спроведе интервјуа со тројцата најдобри кандидати, и врз основа на приложените концепти и интервјуа, ќе го соопшти добитникот на наградата на отворен настан на 27.12.2024 година.
Критериуми за аплицирање:
Апликантите треба активно да делуваат во Северна Македонија во последните 1 до 3 години.
Охрабрени се уметници кои работат во полето на современата визуелна уметност, вклучувајќи сликарство, вајарство, графика, цртеж, инсталација, фотографија, интервенција во јавен простор, видео и перформанс.
Рок за аплицирање
Пријавувањето е отворено до 22.12.2024 година (полноќ). Апликациите се поднесуваат електронкси на следната е-маил адреса: ljubomir.faizov@lgbti.mk.
*Наградата се доделува во рамки на проектот „Пристап до правда и човекови права“, кој го спроведува Коалиција „Маргини” Скопје, а во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, „ХЕРА” и „Еквалис”, а е финансиран од страна на УСАИД.
Извор: https://mhc.org.mk