1020 hPa
87 %
3 °C
Скопје - Вто, 21.01.2025 18:59
Добредојдовте во имагинарниот свет на Катерина Шукшина, каде модата и природата се здружуваат за да може да се создадат нејзините необични еко креации.
Црпејќи инспирација од природниот и опуштен амбиент од детството, Катерина „ткаенините“ на природата ги претвора во платно на нејзините спомени.
Модните парчиња кои таа ги креира не се само облека, тие се симпатични потсетиници за едноставните радости од детството и искрена почит кон природата, која отсекогаш била нејзина муза. Како што вели таа, „Природата сама по себе е неверојатен уметник, таа е мојата најголема инспирација“.
„Јакната од зелка“ е реална претстава за правење јакни со зелки и еден од омилените материјали со кој Катерина Шукшина сака да работи. Растењето во мало село во Русија опкружено со шуми и полиња зборува за начинот на кој Катерина станала изложена на убавината на светот околу неа.
Денес, таа го канализира ова искуство од детството во создавање модни парчиња од овошје, зеленчук, цвеќиња и разни видови растенија, што за неа претставува процес преку кој се обидува да го истакне значењето на минимизирање на потрошувачката на облека.
Катерина моментално работи како учителка, и придонесува за одржливост на животната средина, станувајќи пример за тоа како секој треба да биде вклучен во активности кои промовираат зачувување на природната средина.
И покрај нејзиниот придонес, Катерина смета дека сè уште постои голема дистанца помеѓу модата воопшто и еколошката мода. Сепак, преку своите креации, таа се надева дека ќе се намали споменатата дисанца, но и прекумерната потрошувачка на облека.
Извор: https://www.wethecoolmagazine.com