„Мал формат“ - изложба на студентите на Факултетот за ликовни уметности

13.12.2024 17:10
„Мал формат“ - изложба на студентите на Факултетот за ликовни уметности

Факултетот за ликовни уметности (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје) го најавува отворањето на изложбата на студентите на Факултетот за ликовни уметности дела на хартија „Мал формат“.

Изложбата ќе се одржи во галеријата на Сули ан, на 16 декември (понеделник), со почеток во 19:30 часот.

Оваа изложба се организира од деведесетитте години, во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, дел од вонвременскиот објект и споменик на културата - Сули ан.

На изложбата ќе бидат претставени дела на студентите од прв и втор циклус на ФЛУ, изработени во мал формат во традиционални и експериментални техники. Целта на оваа изложба е да ги афирмира изразните можности на малиот формат во современата ликовна практика.

На изложбата со свои дела учествуваат студентите од сите катедри на Факултетот за ликовни уметности, Скопје. Во организација на настанот и оваа година ќе даде свој придонес Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје.
Изложбата е од продажен карактер и ќе трае до 30 декември, 2024 година.

Работно време на галеријата: понеделник – петок (9 – 17 часот).

ОкоБоли главаВицФото