1020 hPa
57 %
22 °C
Скопје - Сре, 17.06.2026 02:59

На 18 декември (среда), со почеток во 19 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар, ќе се одржи промоција на романот „Леска Брезоска“ од Симона Јованоска, во издание на „Или-Или“.
По наградениот и преведуван роман „Денот на црвот“, Симона Јованоска повторно се појавува на книжевната сцена со нејзиниот нов роман со несекојдневен и загадочен наслов - „Леска Брезоска“.
Која е Леска Брезоска, што се крие зад нејзината приказна, ќе се открие во непосредниот разговор со авторката.