1016 hPa
41 %

24 °C
Скопје - Нед, 13.07.2025 22:59
Во оваа публикација се прикажани стрипови кои беа дел од изложбата „Од уметност кон родова еднаквост“. Во книгата се претставени 19 инспиративни дела од 19 авторки и автори, кои преку својата уметност испраќаат пораки за поубав и поеднаков свет.
Оваа публикација е дел од кампањата Биди чудо од девојка, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежа Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.
Главната цел на проектот е да ги поддржи и охрабри девојките и младите жени да станат поактивни учесници во општеството, со што ќе се создадат еднакви можности и во јавниот и приватниот сектор. Проектот обезбедува кариерно советување, практикантство, менторство, како и поддршка на различни иницијативи ширум земјата.
Жири комисијата издвои четири стрип авторки и соодветно ги награди.
Жири комисијата беше во следниот состав: Два члена од тимот на НМСМ и Стела: Оливер Андреевски и Теодора Милеска, потоа Mike Mclester кој што е Британски професор по англиски и цртач на стрипови, и на крај Нада Прља која е професионална уметница од 1998 година и универзитетска предавачка од областа на уметноста. Наградите беа доделени на следните учесници:
- Прво место: Магдалена Марјановиќ и Душица Димитровска
- Второ место: Ангела Петрушевска
- Трето место: Јана Марковиќ
- Специјална награда од жири комисијата: Аника Божиновска
Дополнително, беа доделени четири пофалници на: Гаја Смилевска, Иван Коминовски, Ана Куновска и Антонела Митева. Останатите учесници/учеснички - Ивана Лазаревска, Славица Панева, Менче Здравкова, Марија Стојановска, Христина Здравковски, Габриела Лозаноска, Лили Ана, Сара Ангеловска, Тамара Гашева и Теодора Куновска добија сертификати за учество, што е потврда за нивниот значаен придонес кон промоцијата на родовата еднаквост преку уметноста.
Оваа публикација е само еден од чекорите кон општество со еднакви можности за сите. Проектот ќе продолжи да ги поддржува иницијативите за социјална правда и вклучување на девојките и младите жени во активната општествена сфера.
Прилог | Големина |
---|---|
Преземи | 33.82 MB |