„Јас сум од Палестина“

16.12.24 12:07

Наградената кратка анимација на режисерката Иман Завахри, насловена „Јас сум од Палестина“, базирана на книгата „Тато, што значи моето име?“, со сценарио напишано заедно со Рифк Ебејд, ја прикажува трогателната приказна за полнолетството преку младата палестинско-американска девојка Самида (гласот го позајмува Џана Ебејд), која со вознемиреност го започнува првопт училишен ден.

Нејзиниот идентитет е доведен во прашање кога ќе се соочи со светската мапа која не ја вклучува нејзината татковина. Самида го прашува својот татко за името на земјата од која потекнува и тргнува на патување кое ја оживува саканата татковина, славејќи го богатството на нејзиното културно наследство.

Со Васеем Алзер кој му го позајмува гласот на нејзиниот татко, а Ајза Фатима на учителката, филмот претставува впечатливо визуелно истражување на идентитетот, историјата и гордоста на палестинската култура.

Богата со културни нијанси, анимацијата прекрасно ги прикажува палестинските традиции, од иконичната марама Кефије до ѓеврекот со сусам наречен Каак Ал Кудс, беспрекорно вткајувајќи ги овие елементи во наративот. Динамиката татко-ќерка додава емоционална длабочина, нагласувајќи ја важноста на културното наследство во обликувањето на чувството за себе.

Идејата на филмот е „да се пренесе издржливоста на палестинскиот дух и важноста да им се даде поддршкана нашите деца, да се всадат во нив сила и доверба во нивниот идентитет и да се научат секогаш да ја зборуваат вистината пред моќта“, велат авторките.

Филмот е добитник на наградата „Вил Винтон“ за најдобра анимација, а неговите авторки оваа победа ја сметаат за значајна. Во соопштението, тие велат: „Ние сме почестени што нашата анимација ја освои наградата „Вил Винтон“ на филмскиот фестивал во Портланд, препознавајќи ја важноста да се слушне палестинскиот глас и да се истакнат палестинските наративи“.

Умешниот начин на раскажување приказни на Иман Завахри вешто ги избегнува политичките дебати, фокусирајќи се наместо тоа на едноставноста на палестинската гордост, што на овој анимиран филм му дава универзално и едукативно искуство.

Педантно изработената 2Д анимација на илустраторката Лама Џавари и аниматорката Иман Завахри го оживува наративот со живописни бои и шармантна визуелност, создавајќи симпатична и инспиративна приказна која служи и како прослава на наследството и како вредна едукативна алатка за младата публика.

Извор: https://shortfilmsmatter.com

Слични содржини

Општество / Живот / Филм / Око
Психологија / Филм / Око
Филм / Око
Уметност / Филм / Око
Живот / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото