Програма на петнаесеттиот Темплум саем

16.12.2024 19:21
Програма на петнаесеттиот Темплум саем

Во последната недела на декември по петнаесетти пат ќе се одржи Малиот новогодишен Темплум саем на книга. Годинава саемот за првпат ќе се одвива во културниот центар Јадро.

Времетраење: 25.12.24. - 29.12.24., од 11 до 21 часот

Локација: Јадро (Алберт Ајнштајн 2, Скопје)

Учесници и промотор(к)и: Никола Гелевски, Искра Трајчева, Алек Кузмановски, Елена Митреска, Љупка Евроска, Сашо Наскоски Шекспир, Слаѓан Пенев, Будимка Поповска, Татјана Миљовска, Стојан Тарапуза, Наташа Атанасова, Стефан Алијевиќ, Јован Ламбески, Драган Протиќ, Дејан Василевски, Билјана Ѓонеска, Илиа Лин Гладкова, Елена Ончевска Агер, Д.А. Лори, Ѓоко Здравески, Дарко Алексовски, Теа Шалдева, Елизабета Шелева, Билјана Црвенковска, HCIMB (ΓΑΔΑΚ),Тиииит! Инк...

Досегашните Темплум саеми

ПРОГРАМА

Среда, 25.12.

19.00. Промоција на книгата „Сто филмови за попреченост“ од Никола Гелевски

Промотор: Слаѓан Пенев

 

20.00. „Зелениот телефон и лажната црвена лисица“ - изложба на Искра Трајчева

Промотори: Никола Гелевски и Елена Митреска

 

Четврток, 26.12.

18.30. Промоција на книгата „Инспиративни луѓе со попреченост“

Промоторка: Илиа Лин Глаткова 

 

19:30. Промоција на книгата „Феминистичка теорија на насилството“ на авторката Франсоаз Вержес, едиција Vagina Dentata публикувана од Тиииит! Инк.

 

Петок, 27.12.

12.00. Доделување на наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година

 

19.00. Промоција на книгата „Кравата е осамено животно“ од Давид Албахари

Промотор: Драган Протиќ Прота, Дејан Василевски и Јован Ламбески 

 

20.00. Уметничка презентација на колективот The Humanitarian Crisis Illogical Management Bureau - HCIMB (ΓΑΔΑΚ)

 

Сабота, 28.12.

12.00. Промоција на сликовниците „Златното фенерче на летото“ од Рајко Јовчески и Татјана Миљовска и на „Весела песна“ од Стојан Тарапуза и Будимка Поповска

Промоторки: Билјана Ѓонеска и Елена Ончевска Агер

 

19.00. Промоција на книгата „Секој ден песна; мала антологија на светската поезија“

Промотори: Д. А. Лори и Ѓоко Здравески

 

20.30. Новогодишна дружба во КСП Центар Јадро

 

Недела, 29.12.

19.00. Промоција на новата едиција OK.NO. 25 наслови во пет тома:

Најдобрите вицови на Окно, Пет македонски поетеси, Фашизам, Палестина и Друга приказна

Промотор: Дарко Алексовски

 

20.00. Смрт и град; разговор за Мирко Попов (1972-2024) и Игор Исаковски (1970-2014)

Учествуваат: Елизабета Шелева, Никола Гелевски, Теа Шалдева, Ангел Ситновски...

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото