Национал детектор

10.03.2011 12:35
Национал детектор

Грујо, преко ноќ градиш, подмукло…Тој е твој стил

И мислеше, ако градиш преко ноќ, нема да се види и чује... Пази, тактика еј

Не шишаш живу силу, не есапиш Уставан Суд за ништо, понашаш се како да си гу Македонију од татка ти наследија…

Казнујеш људи по улице што неможев више да те смислив. Идеш против сопствен народ, директорујеш сас судство, трошиш народни паре, задужујеш се бетер од Грчку, дрзак си и безобразан…

Е не ти е ДУИ твое ВМРО па да ти ќути

Заради твој немоќ и стра да не изгубиш фотељу, уместо после инцидент да искочиш и да кажеш фала лепо, толко од коалицију, ти у твој излитен стил, најде дека су сви криви, само ти не

Па још и молиш да не се диза тензија... Па кој бре диза тензију, ти или ми, обични смртници… Ми да не отидесмо да ковамо железо, док град спие ко заклан… Која црква музеј бре, кој андрак… Сееш омразу меѓу нас… Доливаш уље на ватру…

Пошто ти у овуј државу све оркестрираш, требаше д’нска да идеш на Кале и ти да једеш крепу у грб, уместо да идеш да пушташ локалан сокак негде по некоју македонску вукојебину… Па још и тија од ТМРО си ги пуштија напред… Која будала е тј т.з лидер… Која е бре тај ТМРО?

Да сакаше да спречиш инциденти, можеше

Е, пошто ти палиш, ти с’к и гаси

И од тија сви глупости од скулптуре што накупува за Скопје, боље ти је да купиш национал детектор

Ќе ти треба за дане будуќе

Извор: interpreter.blog.mk

оваа е стечајката што го

оваа е стечајката што го блокира сообраќајот низ СК?браво за бранко, супер што ја остаил без работа сега барем има обиди за пишување поезија додуша неуспешни...

срање

срање

Една тема во безброј

Една тема во безброј примероци и дијалекти? Се сака да се каже дека г-динот Милчин има понекој истомисленик и во Куманово,нели? На ова место би го коментирал бедниот комичарски, секако не поетски, обид на некого заедно со недоманешниот псевдо-филантропски напис на г-динот Милчин на горе-долу истата тема. Значи, одиме вака:

Основната демагогија на атеистичките заговорници и веројатно онаа на мултикултурното и мултирелигиско општество како такво, барем на начинот на којшто тоа програмски се нуди денес, во најголема мера произлегува од фактот дека претставува производ на индивидуи кои немаат ни најмало, основно искуство во духовниот живот ниту духовната жед и самопронајденост кога било имале какво било сериозно значење за нив. Оттаму, нивната неспособност да го појмат суштественото значење на живата вера за животот и светогледот на верниците произведува конфликти содржани во самите секуларни програми кои зад офанзивната парола на божемното максимално толерантно третирање на сите постоечки конфесии всушност се оградува од автентичното сведочење на духовната определеност и најпосле го прогласува за елемент во извесна мера неприфатлив и непожелен за граѓанското општество. Со други зборови, основната мултирелигиска толеранција всушност им остава терен на владите и на останатите влијателни политички структури, да манипулираат со јавниот простор на духовното самоизразување, односно со давањето можност на разните видови на манифестација на духовниот живот, фаворизирајќи ја оваа или онаа вероисповед, угнетувајќи и задушувајќи друга или други за сметка на тоа. Се разбира дека со овие нешта не треба да се генерализира, и бесмислено е да се генерализира. Во духовната пракса секогаш станува збор за лични односи на личности, таа е сферата (или барем треба да биде), каде навистина и единствено личноста е на врвот на скалата на вредности и сама по себе е вредност со која ниедна друга вредност, која не е личност (со повисок духовен квалитет), не може да се спореди. Значи, тука никогаш не станува збор за „нешто“, секогаш е во прашање „некој“.
И покрај тоа што овој текст е инспириран од конкретната ситуација видена со голо око при инцидентот на Кале, и покрај тоа што тој одбива да проникне колку била силна политичката мотивација и лукваство на одредени структури желни да изведат своевиден перформанс на сметка на чувствата на припадниците на две различни конфесии, тој не може да ја заобиколи долго маскираната вистина дека сопостоењето на две конфесии кои безмалку меѓусебно се исклучуваат, нивниот заеднички мирен соживот може да се втемелува само врз оддалечувањето од својата суштина на барем едната од нив. Се разбира, се надеваме дека тоа нема да биде христијанската опција и ќе покажеме зошто.
Долговековната традиција кај секоја од помасовните конфесии еволуирала во своевидно богатство од динамични можности кои сепак не дивергираат во мноштво одредишта и цели и кои како опции конечно мошне триумфално ги обединува сведоштвото на верата во едната личност на апсолутниот духовен квалитет (вера во триипостасниот Бог Пресвета Троица, но со исклучителната експонираност на личноста на Богочовекот Исус Христос како Божествен Спасител и како идеал за следење за христијаните, кај останатите некој друг). Речиси сите тие зборуваат за поширок и за потесен пат, со тоа што Православието како исклучок поимот широк пат го користи само во смисла на пежоратив, на негација на единствениот спасителен и со тоа возможен. Самото богатство на искуства или струи, особено пределите во кои секоја од поголемите вероисповеди ги остварува своите највисоки амплитуди во правец на духовното или барем аскетското, на извесен начин како да ја отвора можноста тие да се допрат и да станат трпеливи една за друга, така да се рече егзегетски или поточно методолошки трпеливи, препознавајќи кај „другата страна“ извесна истоветност во тежнеењата или постапките, која е впрочем од мошне кршлив и миговен карактер. Познатите пралели меѓу исихазмот на православните и суфизмот на исламистите, на пример, не би можел да го одврати еден православен подвижник во средба со примитивен радикален исламист кој би настојувал од христијанинот да го прими исламот, значи не би го одвратил од настојувањето да посведочи дека од дното на душата Го љуби Исус Христос како Господ и Бог. Во таква ситуација физичката пресметка е неизбежна: силната љубов кон Исус нема да му дозволи на исихастот да побегне некаде далеку од очите на исламистот за конфликтот да заврши конечно мирно. Напротив, тој ќе сака да умре за својот Бог и без оглед што во себе ќе се моли дадениот исламист да се откаже од Мохамедовата заблуда, сепак надворешно нема да се воздржи од исповедањето на догмата за Пресветата Троица (кое во класичен случај ќе го навреди радикалниот исламист) и ќе го претвори исихастот во маченик за верата. Исламистот пак, ќе се доживува себеси како воин на светата војна во која секој што нема да сака да верува како него треба да биде убиен. Ова е добро место каде што навистина би можело да се расправа за тоа во што навистина треба да се состои религиската толеранција преку поставување на прашањето: која од овие две религии е всушност онаа што би можела да претрпи физичка загуба, т.е. на која страна може да има убиени жртви. Факт е дека мнозинството православни христијани чувствуваат долг порадо да го следат примерот на својот Господ и да не одговорат со физичко противење, туку напротив да го претрпат страдајќи од љубов кон Бога. Евангелските заповеди го отфрлаат старозаветното правило „око за око, заб за заб“ кое пак исламистите традиционално грчевито за жал до денес го практикуваат. Христијанинот, единствено од позиција на владетел, или премиер ако сакате, има духовно право да ги гони друговерните, или попрецизно кажано да им ја намалува можноста за експанзија на нивната конфесија, правејќи пат за поексплицитна афирмација на Православието. Тој го има ова право и како Епископ, се разбира, но неговото оружје во тој случај е од исклучително духовна (љубовна) природа, тој не може да излезе некому со декрет или со пиштол, ако сака (во една длабоко битијна смисла) да остане тоа што е. Се гледа дека големата разлика произлегува од црно-белата различност на целите кај секого од нив: православниот христијанин го бара Небесното Царство и истовремено сака да се вгради себеси во Светото Предание, да остави зад себе сведоштво или продолжение на тоа Предание, додека исламистот го интересира освојувањето на земното царство како такво. Би се рекло дека тие совршено се надополнуваат меѓусебе: на православниот кој сака да биде свет маченик му е потребен исламист којшто во име на т. н. света исламска војна би го убил христијанинот. Но дали со ова ги опфативме сите неопходни аспекти на темата, да речеме, на православниот? Се разбира не. Не, бидејќи неговиот духовен подвиг се состои во максималното исполнување не на една туку на две заповеди: не само на љубовта кон Бога туку и на љубовта кон ближниот (другите христијани и пошироко сите други луѓе). Токму заради оваа втора заповед којашто Богочовекот ја врзува неразделно за првата православниот подвижник е должен сите чекори од својот духовен живот да ги промислува и во однос на неговите соподвижници, а и на сите други луѓе, се со цел да приведе што е можно поголем број луѓе кон Царството Христово. Оттука вообичаено тој е голем созерцател на Божјата Промисла чии знаци ги бара во настаните и промените на околината, во менувањето на „духот на времето“ како услови во кои расне и се развива самата Црква. Не случајно ја споменавме Божјата Промисла токму на ова место. Вообичаено, на колку повисоко рамниште бил и колку подолготрајно боговподобување има подвижникот, има и драгоцен опит во духовната борба. Во време на големи прогонства на христијаните токму на најголемите подвижници не им било судено да пострадаат маченички за Христа, макар што намерно оделе на местата на прогонствата и ги провоцирале мачителите за да бидат убиени. Но планот не им успевал. Подоцна Божјата Просмила покажала дека биле сочувани за друго дело, како духовни отци да раководат со големи духовни стада, да родат исто така многубројни извонредни духовни отци за наредните поколенија христијани. Овде секако мислиме на подвижниците од времето на Свети Антониј Велики, односно на една прекрасна група негови духовни браќа. Друг специфичен пример се епископите и свештениците кои за време на прогонствата се криеле во планините со големи групи верници додека дел од православните христијани од нивните маченички стада страдале по градовите и по селата. Историјата покажа дека овие пастири духовно ги наѕидуваа послабите од нив раководени чеда се до моментот кога целата заедница ќе станеше способна да отиде на подвиг на мачеништво и да пострада свето за Христа. Ќе дадеме уште еден пример за илустрација за да се знае дека за овие нешта не смее и не може да се генерализира, а секако тоа не треба да го прават луѓе кои немаат никаков опит ни знаење за верата и немаат ни оддалеку и најмалечко право да го оценуваат однесувањето на пастирите или на верниците.
Примерот кој е посебен е оној на Светите цареви. Значи, неколкумина се Свети владетели во историјата на Православието. За сите, ама за сите нив, колку и да биле различни како политичари и како војсководци и владетели, и колку и да биле слични или различни како христијани, односно подвигот на секого од нив бил специфичен и граден во дадените историски околности, факт е дека тој подвиг беше и останува настојувањето да му се даде простор на Православието како совршена вероисповед и врвна духовна култура и начин на живеење, на доживување на Бога и на човештвото, како мерило на организирање на институциите во државата, како темел на законодавството и на социјалните политики, како сведоштво за карактерот на самата државност, дури и како услов за напредок во општествената скала. Не постои православен владетел кој во име на Христа отстапувал пред друговерниот противник и се откажувал од своите христијански намери и доблести за да им удоволи на друговерните. Честопати на христијанските владетели им се замерувало дека следбениците на „широката школа“ во христијанството се нивното најмногубројно друштво, но проблемите од најширок интерес и претставуваат теми и задачи на владетелот. Се разбира, како владетел тој можеби не би имал време да му се посвети на молитвениот подвиг со целосна посветеност во најголем дел од времето, но градењето цркви, осмислувањето закони и политики во духот на христијанството, заштита на православното население пред наездите на друговерните итн., во тоа се состоел христијанскиот подвиг на владетелот: нешто што ниеден друг од подвижниците немал можност директно да го уредува и твори, и за кое е потребен целосен ангажман на сето човеково битие, една огромна трезвеност и љубов кон Бога и кон оној дел од човештвото чие општество му е доверено на управување и владеење, кон својот народ и конечно кон светот.
Затоа, кога некој денес се обидува да ги потенцира убавините на македонското духовно културно наследство (најчесто овде мислат на црквите и фреските од византискиот период) и притоа ги напаѓа денешните црковно-внатрешни, па и владини политики за афирмација на христијанските вредности, афирмација која се труди да одржи каков-таков чекор со убавата традиција, тој некој како намерно да заборава дека уметничкиот живот и творештво на црковните архитекти и живописци од минатото почива токму на една мошне исклучива политика на здравите државници кои не се однесувале нималку инфериорно кон духовниот живот на своите поданици и во секој случај мошне агилно настојувале да го доближат и возвеличат христијанството до обичниот човек на сите достоинствени начини кои епископите ќе ги најделе за целисходни. Еден Константин и една Елена во општество со мултикултурен и мултирелигиозен концепт со големо чувство за карактерот на разнообразните религии кои со различен интензитет опстојувале во царството не се стеснуваа да го протежираат и да го воздигнат христијанството на рамниште на државна религија претпочитајќи својата лична вера да му ја предочат на својот народ преку осмислување на просторот што му го воспоставија на христијанството во сите сфери на општеството, притоа издвојувајќи и посебна, чисто христијанска зона на општествен живот. А знаеме колку долговековна, во секој поглед развиена држава се покажа царството втемелено на овие избори. Сакам да кажам дека време е да ја победиме бедната комунистичка досетка според која владетелите го угнетуваа и експлоатираа својот народ преку христијанството, преку уверувањата за блаженството на сиромасите пред Бога (впрочем, ова блаженство никогаш не се однесувало на сиромасите како такви). Чист пример за недоветноста на оваа измислица е однесувањето на Светиот цар Јустинијан, големиот испосник и богослов од околината на Скопје, втемелувачот на првата официјално автокефална Црква на територијата на Македонија. За него, како и за светите српски цареви во наредните поколенија, не би можело никако да се каже дека важела девизата „не ме гледај што правам, слушај ме што ти зборувам“, зашто Јустинијан останал подвижник на завидно рамниште и секако бил најголемата инспирација за христијанските владетели потоа, но и за многумина христијани негови современици. Сакам да кажам дека она што Милчин го велича денес во сомнителниот квази-есеј „Не се плашам“ (фреските, иконите и црковната архитектура на византиска Македонија) тоа е плод на една политика сосем спротивна од онаа за којашто тој се залага денес, спротивна на нивелирањето на разните конфесии, тоа е плод на политика свесна за духовниот капацитет на единствената благобитијна вера и онтологија, политика која секако не е секуларна. Значи, лицемерно и крајно контрадикторно, па и далеку од здравиот разум е да е да ја величаме тенкосетноста на фрескописот во минатото и истовремено со сите сили да се спротиставуваме на едноставните експлицитни иницијативи тоа наследство да биде продолжено од современите поколенија христијани, кои секако повторно на овие простори дадоа извонредни живописци и црковни архитекти. Жално е, но тенденцијата да се спречи изградбата на православна црква на плоштадот или да се реагира негативно на осмислување на просторот на скопското Кале во духот на христијанската традиција, таа невкусна и негаторска тенденција во себе нема ништо духовно и свето ниту произлегува од некакви човекољубиви побуди, напротив, таа е сведоштво за мошне јасна одроденост на нејзините следбеници од посочените културни богатства и духовни генератори не само во Македонија туку и во светот, кон кој толку сака да не уверат дека тежнеат позитивно. Зашто, колку и да е горд и непостојан, колку и да се покажува тешко задоволлив и усложнето помирлив сам со себе, светот точно знае дека единственото нешто на кое тој секогаш одново и одново се потпира, и секако единственото нешто со кое навистина се гордее и може да го извади како вистински несоборлив адут е токму сведоштвото на Исус Христос во неговата историја и неизменетото ехо на Неговите заповеди меѓу Неговите следбеници низ вековите. Затоа, нека биде секаде достојно, велелепно и неизбежно свето богоподобно, па и чудесно славено Неговото сесвето Име, заедно со Неговиот Беспочетен Отец и со Животворниот Негов Свет Дух, сега, секогаш и во сите векови. А сите кои во иднина ќе сакаат да спорат за нешта кои макар тангентно ги затрогнуваат начините на кои Бог може или треба да биде прославуван од луѓето, нека се воздржат од нешта што ги покажуваат како луѓе кои бесмислено и неиздржано се кочоперат и злословат, за да не се јават пред Неговото лице и пред лицето на светот како обични богоборци, како што тоа се случи ете неодамна, за срам и откривање на човечката накажаност на некои не толку необразовани, а сепак духовно неписмени луѓе во нашава земја.

Еј, Окно па кд сте га

Еј, Окно

па кд сте га објавиле овј текст?

па ја бре појма немам

Гледам линк национал детектор и си мислу,ха, некој мој истомисленик за клип од ТЛН...

Него, види коментар погоре

Мајке ми, овј не е нормалан

Окно бе, Окно бе...На какви

Окно бе, Окно бе...На какви ниски гранки паѓате, па испод части е да се објави оваа сељачка варијанта (не дека е против Грујо, кој го ебе), плус оној сурушон Јофе...Кај ви е смисолот за хумор бе, ова е дно дна, дајте нешто асално мајку му. “Неверојатно креативната и луцидна блогерка interpreter“ Па Боки 13ка е полуциден и креативен у Велики Брат...

ОкоБоли главаВицФото