1034 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Пет, 07.02.2025 01:59
Вечерва, на 17 декември (вторник), со почеток во 20 часот, во изложбен салон Империјал 1, во културно-информативниот центар – Скопје, ќе биде отворена изложба на објекти и фотографии од Љупчо Бојаров и Каја Тасевска
На оваа изложба Љупчо Бојаров ќе се престави со објекти, изработени во теракота и фузирано стакло. „Голем предизвик во комбинирање на овие две техники е постигнувањето на целта да се добие дело реализирано во овие два материјала, глина и стакло. Стекнатите искуства од реализираните дела преставуваат потик за нови истражувања во комбинација со нови материјали“, вели авторот.
На изложбата ќе бидат преставени 25 објекти изработени во оваа година.
Бојаров Љупчо е роден на 16 август, 1959 година во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје 1978. Дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје 1984 година. Член е на ДЛУМ од 1984 година. Живее и работи во Скопје.
Добитник е на 11 награди (меѓу кои и меѓународни) во Македонија, Чехословачка, Шведска и Италија.
Реализирал 23 самостојни и меѓународни самостојни изложби во Македонија, Србија, Шведска и Црна Гора. Учествувал на 158 групни и меѓународни групни изложби во Македонија, Србија, Црна Гора, Чехословачка, Унгарија, Словачка, Шведска, Шпакија, Англија, Франција, Америка, Грција, Египет, Италија и Бугарија.
Анемоја: Носталгија за свет што никогаш не го познавав
„Анемоја“ е проект за визуелно истражување и медитација за човечката потреба да се поврзе со нешто поголемо од самиот себе. Да го почитуваме она што било пред нас. Да се населиме за момент во рамката на историјата.
Додека шетате низ овие фотографии, се надевам дека и вие ќе ја почувствувате привлечноста на минатото - во свет познат и туѓ, за да го почувствувате ехото на една ера сè уште жива во просторите што избираме да ги зачуваме.
Свет обликуван од ехото на некогашните животи, бранувајќи низ времето, предизвикува емоции за минатото што никогаш не го допрев. Анемоја ги врзува овие фотографии во наратив за копнеж за епохи кои постојат само во фрагменти: во раскажаните приказни, во текстурите на фасадите во распаѓање и во архитектурата на заборавени спомени“, пишува за својата изложба фотографката Каја Тасевска.
Каја Тасевска е студентка на Катедрата за медиуми, уметност, дизајн и архитектура на универзитетот „Врије“ во Амстердам, која во исто време го надополнува своето знаење на Институтот за фотографија во Њујорк.
Самостојни изложби:
-Visual journey 2023 - Брајсах, Германија
Групни изложби:
-Museum of Natural History 2019 - Виена, Австрија
-Silk Road Photography Festival 2021 - Пекинг, Кина
-Xposure Photography Festival 2022 - Шајрах, ОАЕ
-Trieste Photo Days 2023 - Трст – Италија
-Global Peace Photo Exhibition 2024 - Central City Square, Братислава- Словачка
Награди:
-Alfred Fried Photography Award 2018: Youth Image of the Year - Виена, Австрија
-Head On Photography Festival 2018: Финалист - Сиднеј, Австралија
-Budapest International Photo Awards 2020: Бронsен медал - Будимпешта, Унгарија
-Young Art 2023: Прва награда - Скопје, Македонија
-Денови на македонска фотографија 2022 & 2024: Прва награда (младинска) - Скопје, Македонија
Изложбата ќе биде отворена до 16 јануари, 2024 година.