Не е сè толку црно без вода, туку е и загадено

20.12.2024 10:39

Скопјани веројатно многу го сакаат својот град, упорно живеат во него, упорно се доселуваат од другите градови, иако условите за живот се катастрофални.

Вечерва од 22 часот нема да имаме вода, а се надеваме дека дефектот на водоводната мрежа ќе биде поправен за еден ден, па во недела повторно ќе функционира водоводната мрежа.

Скопскиот водовод е изграден во 1929 година и мислам дека е крајно време да се размислува за помодерно решение, осносно идниот градоначалник да се зафати со овој проблем сериозно.

Истото важи и за загадувањето, Скопје има многу неповолна географска положба кога е во прашање протокот на воздухот и нашата скопска котлина веќе нема капацитет самата да се пречистува, бидејќи е пренаселена, има многу авотомобили, а присутна е и индустријата. Тука мора да се трага по некое револуционерно решение.

Срѓан Ивановиќ, новинар на Слободен печат; 20.12.24.