1011 hPa
66 %

10 °C
Скопје - Пон, 17.03.2025 09:12
Одземеното го нема на фотографиите
кои ја менуваат бојата до созревање.
Упорно ти тропа на вратата,
слушаш како дише во згрчените прсти
до непостоење стишано во детскиот писок.
Твоите бегства сега
личат на човек кој стои длабоко во езеро
со водата до колена (скоро комично:
оној што сака да се удави и да потоне
плива кон длабокото во сè поплитка вода).
Никој не те предупредил:
ќе ја делиш судбината на гледач во пуста куќа
со прозорци со залепени весници на стаклата.
Дури и она што ти остана позајмено е:
заспаното тело, сонливата крв,
привремениот лет, нечујните приземјувања
и ова декемвриско светло како будно око
на мртва птица под мразот.