Нацисти на циста

23.12.2024 11:10
Виц икона

Кон крајот на Втората светска војна Хитлер решил да побегне, а не да се самоубие. Собрал неколку најблиски соработници, отишле на брегот на Северното Море, седнале во чамец и почнале да веслаат. По долго веслање виделе остров и се истовариле таму. На плажата спиел Гуливер, сто пати поголем од обичен човек. Гуливер на носот имал голем загноен мозол. Нацистите решиле да се качат врз Гуливер за подобро да го погледнат теренот. Се јажиња прво се качиле врз неговото тело, а потоа се качиле и врз мозолот на носот, како највисока точка. Во тој момент Гуливер се разбудил, ги видел нацистите на својот нос и извикал: „Леле, нацисти на циста!“

 

ОкоБоли главаВицФото