1010 hPa
49 %

20 °C
Скопје - Пон, 21.04.2025 19:59
Технологијата се развива со брзо темпо, а 2025 година носи иновации кои ќе го променат начинот на живот и ќе влијаат на секојдневието и работата. Еве неколку примери на технологии кои се најавени и кои наскоро ќе бидат достапни за користење:
Паметни куќи и паметни градови
Компании како Амазон и Гугл најавија нова генерација на паметни уреди, како што се Алекса и Нест системи, кои ќе овозможат напредно управување со домот. Овие уреди ќе можат да препознаваат гласови од повеќе корисници и да ги учат рутините на членовите на домаќинството. Градови како Сингапур веќе воведуваат „паметни семафори” кои користат вештачка интелигенција за анализа на сообраќајот во реално време.
Нови можности во здравството: Часовниците ќе мерат шеќер во крвта
Ејпл најави нова верзија на Ејпл часовник која ќе може да го мери нивото на шеќер во крвта без потреба од вадење на крв. Покрај тоа, компании како Теладок работат на развој на виртуелни платформи за консултации со лекари преку вештачка интелигенција. Очекуваме и први системи за анализа на медицински слики базирани на ВИ, кои ќе бидат достапни во клиничките центри.
Работа од дома во нов облик
Микрософт подготвува нова верзија на платформата Тимс (Teams) која ќе користи холограми за виртуелни состаноци. Со користење на AР наочари, ќе можете да “седите” покрај вашите колеги без физичко присуство. Ова ќе ја револуционизира хибридната работа и ќе ја зголеми продуктивноста.
Забава и социјален живот преку ВР технологија
Сони и Meта работат на нови ВР хедсети кои ќе овозможат поприродни и реалистични искуства во метаверзумот. Нетфликс најави интерактивни серии во кои ќе можете да користите вештачка интелигенција за да ја персонализирате приказната. Игри со проширена реалност (AР), како новите верзии на Pokemon Gо, ќе бидат уште попријатни.
Сите овие иновации ветуваат дека 2025 година ќе биде година на големи промени во секојдневниот живот и работата. Технологијата продолжува да го обликува нашето утре.
Извор: https://www.plainconcepts.com