1022 hPa
66 %

8 °C
Скопје - Чет, 13.02.2025 15:59
Треба да се спомене дека Алцхајмеровата болест е најчест тип на деменција, за која моментално нема лек. Според статистиката, 6,9 милиони луѓе од 65 години и постари во моментов имаат деменција во САД.
Има доста истражувања за тоа како може музиката да им помогне на пациентите со Алцхајмерова болест. Во студија од 1993 година учествувале шеесет пациенти во дом за стари лица на кои им била дијагностицирана Алцхајмерова болест. На почетокот на сите учесници им биле дадени тестови за ментален статус и расположение. Потоа, учесниците биле поделени по случаен избор во три групи. Испитаниците од експерименталната група слушале музика од оркестарот „Биг бенд“ од 1920 и 1930 година, која им се пуштала секојдневно. Втората група работела на загатки за време на дневните сесии со активности. Третата група цртала и сликала за време на рекреативните активности. По шест месеци, сите учесници биле повторно тестирани. Резултатите покажале дека учесниците од „музичката“ група биле повнимателни, посреќни и имале подобра меморија. Авторите заклучиле дека музиката има терапевтска вредност во случај на дијагностицираната Алцхајмерова болест.
Една понова интересна студија доаѓа од Грција. Истражувачите ја проучувале ефективноста на музикотерапијата кај пациенти со болеста. Учесници биле 32 пациенти (17 жени и 15 мажи, просечна возраст од 67,5 години) со блага, умерена и тешка Алцхајмерова болест. На сите учесници им бил спроведен тестот за ментален статус, кој се повторувал на секои шест месеци под надзор на невролог, до 30 месеци од студијата. Испитаниците присуствувале на индивидуални и групни сесии со учество на музички инструменти (пијано, тапани и плескање со раце). На крајот од студијата, сите учесници имале корист од музичката терапија во смисла на подобрување на нивниот ментален статус.
Се поставува прашањето: Како е можно музичката меморија да остане во голема мера недопрена и покрај сериозните дефицити на меморијата кај пациентите?
Научниците веруваат дека музичките невронски мрежи се разликуваат од традиционалните невронски патишта поврзани со временската меморија. Враќањето на музичката меморија вклучува дифузни мрежни области внатре и надвор од темпоралниот, фронталниот и париеталниот лобус. Значи, да претпоставиме дека чувате лице што ја има болеста. Во тој случај, можеби е добра идеја да имате плејлиста со неговата омилена песна и да ја пуштате за време на оброците и времето одредено за релаксација.
Бидејќи науката верува дека музичката активност може да има заштитна улога во когнитивниот пад поврзан со возраста, добра идеја е да се започне со6 некои музички активности без разлика на која возраст е пациентот. Тоа може да биде учење да свири на инструмент или приклучување во хор или клуб за танцување. Никогаш не е доцна да почнеме да се грижиме за нашиот мозок.
Слика: Livia Falcaru
Извор: psychologytoday.com