Најдобрите вицови на Окно во 2024

30.12.2024 13:04
Најдобрите вицови на Окно во 2024

 

Ти купив новогодишен подарок. Сам ќе треба да го отвориш. Ќе одлепиш.

***

Извршител го прашува детето:
- Што сакаш да ти земам за нова година?

***

- Твртко, си пробал некогаш лоша ракија?
- Да.
- И, каква беше?
- Добра.

***

Разговараат двајца пијаници.
- После смртта би сакал да бидеш покопан или кремиран?
- Јас би сакал да бидам флаширан.

***

- Можете да го погледнете ова под микроскоп?
- Можам.
- Фала.
- Ништо, тоа е најмалото што можам да го направам за вас.

***

Мажите се фалусификатори.

***

Дали те погаѓа што зборат дека си нимфоманка?
- Ми се ебе.

***

Како се вика геј на точак?
- Велосипедер.

***
Зошто Дракула никогаш не би можел да игра кошарка?
- Зашто нема одраз.

***

Влегува лик висок три метри во паб.
Шанкерот вели: „Џин?“

***

Мене една фанта, оти сум фантастична.
А нему еден коњак.

***

Како на девојка да ѝ понудиш гумена бонбона?
- Еј, бејбе, си за бонбона? Ха, рибо?

***

Тренеру, што ќе правам кога веќе нема да вадам леб од фудбал?
- Не знам, Меси.

***

Канибал ја убил комшиката Неда и ја ставил да се пече. Задоволен со себе, ја чекал сопругата, за да ја изненади. Кога таа влегла дома тој вицкасто рекол:
„Мила, никогаш нема да погодиш што спремам...“
„Не знам што е, ама НЕДА ДОБРО МИРИСА!“

***

Цел ден двајца инквизитори мачат вештерки во подрум, па едниот вели:
„Не можам веќе. Одам да запалам една.“

***

Кој доаѓа во Чернобил да ѝ помогне на породилката околу бебето?
- Па троножна сестра.

***

Кај психијатар.
- Докторе, јас сум клучалка!
- Браво!

***

Кога се правам наудрен сите ми изгледате нормално.

***

Подобро да бидеш затворен на психијатрија отколку отворен на патологија.

***

Ако некој ти напише дека си беден, само избриши ја буквата б и ќе бидеш безбеден.

***

Ја препорачувам колава, може да собере четиричлено семејство, без никаков проблем.
- Уф, тоа не е за нас, ние сме семејство со многу проблеми...

***

- Сине, разочарани сме! Не те воспитувавме да зимаш дрога!
- Морам да ви ја земам, ова е рација, ќе добијам отказ од полиција.

***

Два Хрвата наркомана влегле во кафич и таман сакале да запавкаат у клозет едниот забележал полиција како се спрема за влегување:
„Брзо, компа, рација!“
„Брзо, најбрзо!“

***

Учениците решаваат задача по математика.
„Професоре, што се бара во задачава?“
„Упрости го изразот.“
„Професоре, кој кур треба со задачава?“

***

„Леле стварно не знам како да ти возвратам за таблетиве за раст!“
„Абе ајде, ќе се одолжиш.“

***

Разговараат две струи.
„Како се проведуваш?“
„Еве, се разведувам.“
„Да те поврзам со некој, да ти дадам спој?“
„Може, дај ми контакт.“

***

Стариот бршлен уморен се вратил од работа и легнал да се одмори. Заиграниот син го прашал:
- Тато, можам ли да викнам другар да си играме?
- Можеш, сине, само немој да ми се мотате околу куќа!

***

- Ти оставам да го наследиш интернетот после мене.
- Што ми оставаш?!
- А, ма нет!

***

Што прво прави малиот Индијанец кога добива интернет?
- Симиња скајп!

***

Мазохистот урликал додека си ја лупел кожата, а мајка му викнала:
- Не се дери!

***

Се плашам од лифт. Ќе преземам некои чекори за да го избегнам.

***

Шалтерите постојат реда ради.

***

Јапонец патувал со сопругата и двајцата загинале во судир со камион. Дошле пред рајските порти, но свети Петар не ги пуштал оти не биле крстени. Јапонецот му се обратил на Свети Петар:
„Нејзе можеш да не ја пуштиш, но сите мои предци биле самураи, па мене ми е судено да бидам САМ У РАЈ“.

***

Гај Јулиј Цезар ги собрал најблиските луѓе и им поделил гласачки ливчиња. Прашањето било дали сакаат тој да продолжи да владее, а опциите за заокружување биле „да“ и „не“.
Кога Цезар ги прегледал гласовите, видел дека никој не заокружил „да“. Потоа разочарано рекол: - Зарем и ти си „не“, Бруте?

***

Разговараат две шмизли правнички.
„Го мразам правото, го мразам, I hate it.“
„Oh bitch, I know!“
„Ма и обичајно, граѓанско, кривично, секое...“

***

Политиката е како крава на покрив.
Се чудиш како говедо се искачило толку високо.

***

Парадоксот на денешницата:
Колку си поголема пизда толку ти растат шансите да станеш некој курац.

***

Би ве предизвикал на борба со разум, но гледам дека сте невооружен.

***

Религијата да чини - би имало само една.
Верниците да чинат - не би имало ниедна!

***

Газдата ми вели дека ќе намине да поразговараме зошто сметката за струја ми е толку висока. Му реков, слободно, мојата врата секогаш ти е отворена.

***

Предмалку добив порака од непознат број:
„Не си ти крив, најдов друг...“
Ебем ли га, па мене почнаа да ме оставаат и туѓи жени!

***

Им се смеев на дебелите - се здебелив.
Им се смеев на лудите - полудев.
Им се смеев на богатите - нема ефект.

***
- Ало, Твртко, дома си?
- Не сум.
- Како не си, ти ги гледам чевлите пред врата?
- Заминав бос.

***

Влав го прашува комшијата:
- Имам девет гости, а само шест столици. Имаш некоја слободна столица?
- Имам.
- Одлично. Сега ќе ти ги пратам тројцата гости.

***

„Мила, ќе ми направиш пита неделава?“
„Не можам. Можеби другата...“
„Ни таа не може, ја прашав.“

***

„Леле, цуци, колку сум глупава: цел сат го барам телефонот, а си светам со блицот!“
„Леле, стварно? Па го најде ли?!“

***

„Докторе, точно ли е дека здравјето не се купува со пари?“
„Абе кој ви ги полни главите со тие глупости?!“

***

Зошто Каин попиздел ради Авел?
- Зашто Авел кажувал вицеви од пред Христа.

***

Зошто некои луѓе го пишуваат бројот 7 со цртичка?
Кога Мојсеј почнал да ги чита десетте божји заповеди и стигнал до седмата, ’Не врши прељуба’, многу луѓе во еден глас почнале да викаат: „Пречкртај, пречкртај, пречкртај!“

***

- Дали постои израз за особа што не може да зборува?
- Нема.
- Ма мора да има.

Карикатури: Gary Larson

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Живот
Општество / Графички Дизајн / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото