1011 hPa
71 %

8 °C
Скопје - Пон, 17.03.2025 07:59
Тоа можеш да го забележиш само од далеку:
и времето пишува со лева рака.
Kрстозборите ги решава бавно, само хоризонтално,
вертикалните загатки ги препушта
на вкрстувањата и случајната испреплетеност.
Понекогаш ѕирка во решенијата од минатиот број.
Некои квадратчиња намерно ги остава празни
оставајќи му на светот прозорци, временски дупки,
за да се увери дека дождот со векови ја следи
зададената линија на движење: планините се гради
на некој што се преправа дека е мртов.
И ништо не е променето во начинот
како ги гаснеме ситните пламени:
со плунка на прстите, скоро изгорени.