Филмај 2025 (инфо за отворен конкурс)

08.01.2025 11:32
 Филмај 2025 (инфо за отворен конкурс)

Во тек е конкурсот за пријавување за 7-тото издание на ФИЛМАЈ фестивалoт на кратoк филм, организиран од фото-кино клуб “Козјак” – Куманово.

Преку платформите FilmFreeway и festhome може да се пријават кратки играни филмови со траење до 20 минути и завршени по 1 јануари 2023 година. Конкурсот е отворен до 15 март 2025 година.

Филмовите може да конкурираат за награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, награда “Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија, награда “Koзјак” за најдобрo сценарио и награда "ФИЛМАЈ" за најдобар краток филм. Македонските (домашни) филмови кои ќе се пријават, освен за најдобар македонски филм, истовремено влегуваат и во меѓународна конкуренција за горенаведените награди.

Детали за фестивалот има на Фејсбук-страната на фестивалот.

Таму ќе бидат објавувани тековни новости и информации во врска со фестивалот.