1020 hPa
87 %
3 °C
Скопје - Вто, 21.01.2025 18:59
О што е тоа што така сташно се крши во мене
О што е тоа што така во мене се крши како бура
Дали се распаѓа времето па нема кој да го крене
Иако низ просторите стораки сонца јурат
Деновите паѓаат во безличје празно и чисто
Лесновските борови стануваат ангели бели
Речете неми ѕвезди дали е ново или исто
Живот во безвреме или смрт во идните предели
Оти постои пат од сонот што треба да се мине
Со нечујни чекори не свртувајќи назад очи
Но тогаш непозната птица врската со јавето ја кине
И ми шепне Изгнанику во беспаќето барај почин
И чекам ѕвезди ова старо време да сврши
Да откриеме нова тајна за нас и само наша
О што е тоа што во мене така страшно се крши
И грми како гром што удрил во празна чаша