Инстинктивните дадаистички колажи на Ања Брант

13.01.25 13:03

Инспирирани од Дада и надреализмот, инстинктивните хартиени колажи на Ања Брант предизвикуваат чувства на каприциозност, спонтаност, случајност, среќни пронаоѓања...

Графичката дизајнерка со седиште во Амстердам веќе шест години создава асемблажи, делумно и како начин на релаксација. Откако се заљубила во многубројните можности на овој медиум, почнала да работи интуитивно, сечејќи и распоредувајќи винтиџ парчиња во интерпретации на тела, згради, текст...

Брант собира материјали од секаде. Од хартија што ја наоѓа во кутии за чоколади и стари карти за играње, до упатства и билети за воз. Сите фрагменти ги организира во кутии и стари албуми за поштенски марки, каде што ја чекаат својата улога во некој колаж.

Извор 

ОкоБоли главаВицФото