Калифорнија гори, а ChatGPT се чешла

15.01.2025 12:20
Калифорнија гори, а ChatGPT се чешла

Годинава планетата се загреа за повеќе од 1,5 степени целзиусови, што беше граница која не смееше да се премине ако сакавме животот на Земјата да преживее – или барем да преживее во обликот во кој го познаваме. Тоа го предизвика феноменот Ел Нињо, па откако ќе заврши, планетата (веројатно) ќе се излади малку додека повторно не ја помине границата од 1,5 степени во однос на прединдустрискиот период.

За пеколните температури, сушите, поплавите и покачувањето на нивото на светските мориња кумуваше начинот и користењето на индустриските технологии. И додека е точно дека нема ублажување на климатските промени без промена на светскиот економски систем, има смисла да бидеме свесни што сè придонесува за тоа – и додека беснеат пожарите во Калифорнија, вниманието на јавноста е насочено кон тоа колку е штетно користењето на вештачката интелигенција во овој контекст.

Вештачката интелигенција годишно ќе троши вода колку што ќе потроши половина од Обединетото Кралство до 2027 година

Како што пишуваше крајот од 2024-тата во Тајмс, а повторно го пренесува The Fresh Water Lab, се прогнозира дека вештачката интелигенција до 2027-та година годишно ќе троши вода колку што за истиот период ќе потроши половина од Обединетото Кралство. Оваа проценка се темели на истражување од 2023-тата година во кое се констатира дека ChatGPT користи половина литар слатка вода за секој разговор од 20-50 прашања или за пишување е-маил од 100 зборови.

Помалку од еден процент од водата на планетата е употреблива за пиење, а поголемиот дел веќе е загаден. Информатичките центри во моментов не се обврзани да известуваат за тоа колку точно трошат.

Според Извештајот на Обединетите нации за животната средина, речиси две третини од светската популација е изложена на сериозен недостиг од вода најмалку еден месец годишно, а се прогнозира дека до 2030-тата година овој јаз ќе биде многу поголем, при што речиси половина од светската популација ќе се соочи со сериозни проблеми во поглед на снабдувањето. За да се избегне оваа судбина, се вели во истиот извештај, употребата на водата мора да биде одвоена од економскиот раст со развој на политики и технологии за намалување или одржување на потрошувачката „без да се загрозат перформансите“.

Извор: https://www.masina.rs/