1012 hPa
41 %

31 °C
Скопје - Сре, 16.07.2025 12:59
Секој од нас некаде има зафрлено пакување евтини карти за играње. Ги памтиме голите дами од детството. Англискиот илустратор Џонатан Бартон, кој живее во Франција, реши да нè врати во старите добри времиња, создавајќи илустрирано пакување карти кое потсетува на златната ера на друштвените игри кога сите семејства играа карти и беа безгрижни и со румени образи. Неговите карти се прекрасно носталгични, ама и необични, малку надреални и стриповски, оти на картите се случуваат разни бизарни ситуации и приказни.