1034 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Пет, 07.02.2025 02:59
Нада Караџиќ
Властифицирани дипломи.
Животот е пред нас. Само треба да го стигнеме.
Зошто народот молчи? Тоа е долга приказна.
Видните луѓе денес не се слушаат.
Штом сè премина во приватни раце, доби нозе.
Горан Радослављевиќ
Од земјава направивме пустина. Ни преостанува само да ја забиеме главата в песок.
Први дојдовме на Балканот. Речиси е сигурно дека први и ќе заминеме.
Законот не се почитува. Тоа кај нас е закон.
Никој ништо не ни може. Нема помош за нас.
Ни од контекст не би се извлекле.
Горан Иванковиќ
Газолижачите обожаваат смрадови.
Без него се никој и ништо. Со него се ништожници.
Нè искубаа кокошкари.
И порано сме правеле разни глупости, но никогаш олку успешно.
Парадоксот го доведовме до апсурд.
Бојан Рајевиќ
Осуденикот требаше да биде обесен, но извиси.
Нашата интерпункција се состои само од слаби точки.
Не ми се допаѓа колективното лудило. Моите индивидуални квалитети не доаѓаат до израз.
Тој не само што звучи како идиот, туку пружа и комплетно доживување.
Велат дека вештачката интелигенција ќе завладее со светот. Конечно некаква.
Слободан Симиќ
Лудаците за водач го избраа најлудиот. Тоа некако им беше најнормално.
И на дебилите им е јасно дека идиотите се на власт!
Кога марионета управува со марионети лесно се заплеткуваат конците.
Кога владеат криминалци, најлесно им е на полицијците. Немаат работа.
Сол на рана - српска прва помош.
Братислав Костадинов
Тој што го држи кормилото на власта полн е како брод.
Кој сее омраза, жнее политички поени.
Ќе ви го прикажеме просперитетот во Србија. Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко.
Ќе се раздени кога на народот ќе му се стемни.
Стапот е сламката на спасот.
Митар Ѓериќ Лаки
Нашето дрво на животот има само ниски гранки.
Ние немаме длабока држава. Нашава сите лесно ја газат.
Прво нè учеа да зборуваме, а потоа да молчиме.
Српски специјалитет: КНЕДЛА ВО ГРЛО!
Најкратката српска бајка: ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО!
Бојан Љубеновиќ
Тие не се збогатија преку ноќ. Тоа се случи денски, ама вие мижевте.
Стисни заби. И проговори!
Актерите се поубави на телевизија отколку во живо.
Вистината исто така.
Хартијата трпи сè. А микрофонот дабетер.
Ние никому нема да бидеме славни предци.
Избор и превод: П. В.
Карикатури: Тошо Борковиќ