Песна

20.01.2025 12:43

Јас не знам што се случува со мене.
Не знам кое нешто некаде ме води.
Миг во свеста паѓа и пак ќе се крене
И грозно ми вели, оди, оди, оди
Низ патишта груби, низ патишта луди
Таму ќе ја најдеш сопствената смеа.
И тивко ќе крикнеш: Смртта не ме чуди!
Пријатели стари ние сме со Неа.
Меѓутоа, таа сè уште ме гали
Ко најнежна жена, со најмека рака
Самиот се прашам: Мене ли ме жали
Или пак иронично зад грб ми се смее?
Ме прегрна нежно и ми рече вака:
- Сè полека гасне. Ништо вечно не е.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото